ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Од 29 септември почнува фестивалот „Денови на македонска музика“ – премиерни изведби и стилска разновидност

September 24, 2025 13:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ го најавува 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, кое ќе се одржи од 29 септември до 16 октомври 2025 година. Откако првично беше закажан за март–април, фестивалот беше одложен за есенскиот период и ќе се реализира со прилагодена програма, нудејќи богат избор на премиерни изведби и стилски разновидни музички дела. Куратор на годинашното издание е композиторот Филип Иванов.

Со својата препознатлива програмска концепција, ДММ нуди продлабочен увид во актуелните тенденции на македонската музичка мисла, истражувајќи нови форми на музичка експресија и креација. Публиката ќе има можност да ги проследи креативните остварувања на македонските композитори низ изведбите на реномирани уметници и ансамбли, кои заедно придонесуваат во обликувањето на денешната современа музичка сцена. Манифестацијата која полека заокружува петдецениско постоење е од исклучително значење за целокупната македонска музичка култура и уметност, и директно влијае врз нејзиниот развој, усовршување, но и врз нејзиното афирмирање и доближување до светските музички трендови.

Креативен дијалог меѓу традицијата и современоста, одбележување на авторски јубилеи

Деновите на македонската музика повторно ќе отворат прашања за релациите меѓу локалното и глобалното, традицијата и современиот израз. Оваа симбиоза ќе биде претставена преку селектираните дела, но и преку традиционалните меѓународни соработки, што ја ставаат македонската современа музика во поширок контекст.

На десет концерти ќе бидат претставени дела од повеќе од 30 македонски автори. Ќе настапат седум ансамбли и камерни состави, како и повеќе од 30 солисти, а свеченото затворање на фестивалот со оркестарот Филхармонија ќе биде во знакот на одбележувањето на два големи авторски јубилеи.

Програмата на ДММ2025 опфаќа дела од различни творечки периоди на македонската уметничка музика и автори од повеќе генерации. На тој начин се нагласува континуитетот на современата македонска музичка мисла, нејзината динамика и отвореност кон современите естетски текови. Иако делата се разликуваат по стил и авторска поетика, нив ги поврзува заедничка идејна нишка – тие ја афирмираат препознатливоста на македонското музичко творештво, во сите негови форми.

Како што беше и првично најавено, во фокусот на годинашното фестивалско издание ќе биде одбележувањето на јубилеите на композиторите Властимир Николовски (100 години од раѓањето), Стефан Гајдов (120 години од раѓањето) и Кирил Македонски (100 години од раѓањето), автори и дејци кои имаат клучна улога во формирањето на современиот македонски музички израз.

Изведувачи и ансамбли

Меѓу ансамблите и уметниците во програмата оваа година се запишуваат: Фестивалскиот камерен оркестар под диригентство на Иван Еминовиќ, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија под диригентство на Ангел Спироски, гудачкиот квартет „Атака“, Македонската филхармонија со маестро Борјан Цанев, дувачкиот квинтет PHILHARMONIC5, дувачкиот квартет на ансамблот „Консонанс“ како и меѓународните гости – пијано триото „Astnide“ од Германија. Традиционално, фестивалскиот подиум ќе им биде отстапен и на најмладите – композиторите и студентите по музика.

Фестивалот е под покровителство на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и финансиски поддржан од Министерството за култура.

Автор на графичкото решение на 48. Денови на македонска музика е Владимир Лукаш.

Влезот на сите настани е слободен.

 

Tags: 48. Денови на македонска музика
Next Post

ЦУК: Активни четири пожари, исто толку се под контрола, еден е изгаснат

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk