ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ предлага национален консензус за европскиот пат и ги дефинира црвените линии

September 25, 2025 13:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културни особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ, и дека Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален и идентитетски карактер.

Ова се двете главни точки од Резолуцијата за дефинирање заеднички позиции за продолжување на европскиот пат на државата, што денеска ја презентираше на брифинг со медиуми лидерот на СДСМ Венко Филипче.

„Ова се нашите црвени линии. Ова е предлог решение за постигнување на сите заеднички национални и стратешки цели со консензус со оглед на високото мнозинство граѓаните за членство на државата во ЕУ“, изјави Филипче.

Документот како работна верзија најпрво ќе биде доставен до сите политички партии, а потоа во Собранието да се излезе со заеднички документ.

„Документот доаѓа со предлог закон, за улогата на Собранието во процесот на евроинтеграцискиот преговори. Очекувам сите да бидат конструктивни и да не се злоупотребува за политички цели во предизборни кампањи“, нагласи Филипче.

Документот, како што посочи Филипче, содржи и конкретна временска рамка за одблокиррање на преговорите и отворање на првиот кластер до 15 февруари 2026 година, како и механизми кои чекори треба да ги преземе Собранието доколку некоја од земјите членки задираат во идентитетските прашања.

„Сметам дека е крајно неодговорни да не се прави ништо на ова поле. Ако ние постигнеме национален консензус никој нема да може да се бори со нас и да не запре“, порача Филипче.

Временска рамка за спроведување на определбите на оваа Резолуција:

– Разгледување од страна на Владата на поднесените амандмани за внесување на бугарската и другите етнички заедници во Уставот коишто беа поднесени во 2023 година и изјаснување дали останува на истиот текст или подготвува и предлага нов текст на уставните амандмани- од 15 ноември до 25 ноември 2025 година.

– Доколку се предлага нов текст на амандманите, тој да биде усвоен од Владата и доставен до Собранието до 1 декември 2025 година.

– Собранието да ја започне постапката за измена на Уставот и да се достигне до фазата на прво гласање најдоцна до 15 декември 2025 година.

– Собранието да ја заврши постапката за измена на Уставот со финално гласање најдоцна до 10 февруари 2026 година.

– Истиот ден на финалното гласање и усвојување на Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани Владата да испрати писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека е исполнета нашата обврска за одблокирање на преговарачкиот процес и да ги достави потребните документи (Патокази) кои ги има подготвено како инструменти вообичаени за преговорите.

– Во истото писмо, Владата ќе ја повика Европската комисија, согласно Заклучоците на Советот на ЕУ донесени на 18 јули 2022 година, да организира Меѓувладина конференција помеѓу државите членки на ЕУ и Северна Македонија на која ќе се донесат сите потребни одлуки за одблокирање на преговорите за членство и ќе биде отворен првиот кластер- Темелни вредности не подоцна од 15 февруари 2026 година.

 

Tags: Венко ФилипчеЕУрезолуцијаСДСМуставни измени
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk