Обезбедување на здрава и чиста животна средина на сите жители е приоритет на Општина Велес, е првиот заклучок од вкупно седум донесени по подолга расправа во продолжението на 42 та седница на Советот на Општина Велес, вели претседателот на Советот, Ненад Коциќ.
-Советот и наложи на Општина Велес, во рок од еден месец, да распише меѓународен тендер за набавка на мониторинг-станици за мерење на квалитетот на
Во моментов во градот функционира само една мерна станица за амбиентален воздух и таа често не мери поедини параметри,како на пример опасните по здравјето ПМ 10 честичките. Втората мерна станица која беше лоцирана во близина на велешка Топилница пред неколку години МЖСПП ја исели надвор од Велес а на друга локација во државава.
Како што информира Коциќ, Општина Велес ја поддржува работата на сите индустриски објекти, со барање да се почитуваат позитивните законски прописи и ограничување на емисиите во рамките на МДК – максимално дозволените концентрации.
Во однос на пријави на загрижени граѓани, Советот го задолжил Одделението за заштита на животната средина во општината да ги пре
Извор: МИА