ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Се формира Националното собрание на млади

September 26, 2025 13:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел воспоставување на националното собрание на млади и советодавното тело на млади, предвидени во Законот за младинско учество и младински политики, вчера во Скопје, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) одржа иницијативна средба за формирање на националното собрание на млади, соопштија денеска од НМСМ.

– Во присуство на 40 младински организации и претставници на Владата, Министерството за социјална политика, демографија и млади и меѓународните организации, се дискутираше моменталната состојба и предизвиците при воспоставувањето на законски дефинираните механизми за младинско учество на национално ниво и се дефинираа конкретни чекори и динамиката за финализирање на процесот, пишува во соопштението.

Како резултат на оваа средба, се додава, младинските организации потпишаа декларација со што ги потврдуваат заедничките заложби за формирање функционални механизми за младинско учество и конкретно формирање национално собрание на млади.

По средбата, како што се истакнува, се очекува да се формира координативно тело што ќе има за задача да ги спроведе сите потребни чекори за иницирање и организирање на собранието, како и информирање на младинските организации и релевантните институции за улогата на ваквото тело.

– Оваа средба е продолжение на напорите што НМСМ, заеднички со останатите чадор организации Коалиција Сега и Сојузот за младинска работа, ги спроведуваше во текот на минатата и оваа година, што имаа за цел да се поттикне поголема имплементација на Законот за младинско учество и младински политики и да се даде можност на младите суштински да се вклучат во процесите на креирање политики. Националното собрание на млади и националното советодавно тело претставуваат загарантиран простор каде младите и младинските организации можат да влијаат на политиките и да придонесат кон креирање на програми што одговараат на нивните реални потреби. За да придонесе кон овој процес, покрај измените и дополнувањата на Законот што беа доставени годинава до Собранието, НМСМ изготви и прирачници за воспоставување и работење на двете тела, се наведува во пишаната изјава на Мариана Ангелова, генерален секретар на НМСМ.

Овој настан е дел од проектот „Функционални механизми за младинско учество на национално ниво“ поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Next Post

Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

НАЈНОВО

Буџет со повеќе прашања отколку решенија

November 14, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

November 14, 2025

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk