ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Децата станаа реквизит во трката за градоначалник

September 26, 2025 15:51
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници за време на предизборната кампања од речиси сите кандидати во трката за градоначалник. Иако (пред)изборната кампања треба да се води одвоено од институционалните надлежности, дел од кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ВЛЕН и СДСМ и останатите партии ги користат своите функции за партиска промоција – на штета на децата.

Во изминатиот период кандидатите за градоначалници беа забележани на настани како отворање детски градинки, воведување бесплатни ескурзии и оброци за ученици, како и промоции на новоизградени игралишта. Настаните кои формално се во надлежност на општините или државните институции, кандидатите ги претвораат во дел од својата кампања, објавувајќи фотографии и видеа со присутни деца.

Ќе наведеме само неколку примери:

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во неколку наврати ги злоупотреби децата за своја партиска промоција.

Ѓорѓиевски присуствуваше на Меморијалниот турнир ,,Бранко Ѓуровски” во Припор, на фудбалскиот терен Никола Саздовски – Саздо, чиј живот прерано беше прекинат поради убиство. Тој вети дека ако победи на локалните избори, од следната година Град Скопје ќе биде генерален покровител на овој настан.

Во промотивното видео на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе трча за уште еден мандат, има мало дете кое покажува три прста (Вардарска, Пиринса и Егејска).

Исто така и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, кој ке ја бара довербата на граѓаните уште еден мандат, во неколку наврати во неговите промотивни партиски видеа има деца.

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, актуелниот вицепремиер Изет Меџити од ВЛЕН во неколку наврати во неговите промотивни содржини има деца.

И противкандидатот за Чаир, Бујар Османи од ДУИ исто така во неговата промотивна кампања користи деца.

ЦИВИЛ смета дека ова претставува двојна злоупотреба, најпрво на јавната функција, а потоа и на децата кои, иако не смеат да бидат дел од политички активности, се појавуваат во партиски објави.

Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон! Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата јасно утврдува: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

ЦИВИЛ повторно апелира до институциите, партиите, медиумите и родителите: веднаш да престане вовлекувањето на децата во политиката. Институциите мора да реагираат со решителни санкции против сите кои ќе се обидат да ги користат децата за свои политички цели.

Заштитата на децата е законска обврска, а злоупотребата мора да престане – веднаш!

Преземено: Цивил Медиа


ЦИВИЛ МЕДИА | Оваа анализа е подготвена со поддршка од Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (CIVIL Hybrid Threats Monitoring – CHTM)
Next Post

Претседателот на Здружението на пензионери на Општина Центар, го демантираше Лабудовиќ, средба не била остварена

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk