ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

September 27, 2025 09:50
in ТРИЧКОВСКИ, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Јас верувам дека министерот за здравство Азир Алиу нема информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат. Но може да се погрижи тој процес околу информацијата да го забрза така што пред теве камерите на отровните телевизии, ќе изеде неколку килограми трубадурки пиперки и на тој начин ќе изврши „скрининг“ на овошјето и зеленчукот.

Истото би требало да го стори и премиерот. Не знам како се воздржал или не му текнало тоа да го направи досега.

За Панче треба да се резервира дупла доза, понеже тој е отпорен на отровите што се шетаат по светата земја.

Ако умрат или ако имаат сериозни тегоби, труења и слично, да мора да им го вадат желудникот и две третини од цревата, Владата ќе може да објави дека овошјето и зеленчукот од тој дел на библиската земја не смеат да се јадат.

Освен, се разбира,  ако некој не сака да се самоубие бидејќи присуството на овие тестери во јавниот простор му е неподносливо и му делува поотровно од полиниумот со македониумски праисход.

Тоа јас би го нарекол скрининг на највисоко ниво со стопроцентна гаранција. Инаку овој омилен термин, демек, „скрининг“ на власта врз луѓето кои учествувале во гасењето на пожарот или во време на пожарот си ја копале нивата, е сигурен знак дека надлежните, народски кажано, се обидуваат да го импресионираат отруениот народ и да му кажат: јади, диши и еби се, слободно.

Сѐ е под контрола.

Дури и твојата смрт.

Како што ги „скринизираа“ родителите и блиските на изгорените деца во кочанската шупа на власта, односно на власта како шупа.

Шупетина.

Не барајте ништо од тие скотови, драги кочанчани, и ако нешто се обидат да ви дадат, отерајте ги у пизду материну. Тие никогаш нема ништо да ви дадат ако не прифатите заедно со вашите деца, да се извалкате малку во нивното срање.

Проблемот со црвените линии е во тоа што сдсм ги црта хоризонтално, демек, класично, како некоја граница, логорска бодликава жица низ која е пуштена струја со висок напон, а вмро ги црта вертикално и тие на луѓето од внатре, а и на тие од надвор им делуваат како затворски решетки.

Кога се исцртани истовремено црвените линии формираат безброј крстови кои се знак дека македонскиот идентитет е вкочанет како што се вкочанети сите мртви нешта што пред да почнат да ги бранат со линии, биле живи.

Оваа приказна со линиите е најдобрата монтипајтонска заебанција со македонскиот идентитет.

Самоосвињување.

Ред карпетот што им беше понуден за интеграција во Европската унија, Македонците го растурија како што разиграни кучиња растураат јастуци и од него направија безброј црвени линии.

За бесење.

Заплеткувањето на Македонците во црвените линии е трагично, сигурно, но повеќе од тоа е тажно.

Ние сме вештачка нација како и сите други, но никоја не е волку извештачена колку што е македонската во вморонското издание.

Си дозволувам да кажам дека инфантилната иницијатива на сдсм, ако ништо друго, имаше благородни намери. Како што имаше и идејата на Заев „Едно општество за сите“.

И која вмороните ја претворија во платформа за враќање на власт по пат на кочење на државата во секој поглед, пред сѐ, во врска со евроинтеграциите.

Ова што го прави Мицкоски не е политика.

Тоа е диверзија.

Тоа мора да и се принесе на јавноста како пастрмајлија со литро ипол црно вино.

Опредметена.

Со тоа што ќе се каже дека во диверзијата на Христијан, односно, пошироко, диверзијата на христијанството предводено од штрумфовите во светиот синод, во воздух нема да одлета некој мост, пругата што сѐ уште не е изградена или „Матка“, убаво ме потсети Лазо, да има Стојан Че што да спасува со својот Ер трактор, не е ова филм, туку државата и нацијата сосе историјата и спомените за себе.

По дватриесет години ќе се јават слики на Фејсбук: Тука беше МАНУ, а тука Институтот за македонски јазик, овие урнатини се дел од некогашната влада на Северна Македонија, итн. итн.

Мислам дека ние немаме уставно решение за политиката која е диверзија или за диверзијата која се маскирала во политика. Еден човек не би смеел да има надлежности по свое наоѓање да ја закочи целата држава и перспективите на два милиони граѓани. Затоа што има лоши намери, затоа што неговата партија е токсична или просто затоа што мисли дека така ќе го брани идентитетот.

Кој идентитет, јебо те идентитет.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Личен став на Авторот | Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Генерирано со ВИ

Жесток напад на Трамп кон Лиза Монако директорка на „Мајкрософт“ - бара да и се даде отказ

НАЈНОВО

Кејн дојде до бројката од 100 голови во дресот на Баерн

September 27, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Иран за нуклеарната програма повторно под санкции на ОН

September 27, 2025
Фото: МИА

Во Кочани 24. „Марш за ангелите“ – симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk