Кандидатот на ВЛЕН за Теарце, Даут Мемиши, учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце, заедно со Заменик министерот за земјоделство, Албрим Хоџа. Според Мемиши, ова организација е доказ за соживот кој ги надминува и етничките граници.
“Заедно со Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Албрим Хоџа, директорот на ЦЕД, Метин Мухареми и градоначалникот на општината, Нухи Незири, учествувавме на традиционалната манифестација ‘Денот на гравот 2025’. Оваа манифестација ги надминува етничките граници и ги промовира уникатните културни и земјоделски вредности на Полошкиот регион. Оваа веќе традиционална активност е доказ за соживот и меѓукомунитарна соработка, како и промоција на богатото наследство на Полошкиот регион преку локалните производи“, напиша Мемиши.