Милан синоќа на домашен терен го победи Наполи со 2:1 дома во 5. коло од италијанската Серија А.
Алексис Салемакерс го отвори резултатот во 3. Минута, Кристијан Пулишиќ го дуплираше водството на црвено-црните во 31. минута.
Во 57. минута, Милан остана со десет играчи кога Первис Еступињан беше исклучен. Три минути подоцна, Кевин Де Брујне од пенал ги постави конечните 2:1.
Македонскиот репрезентативец во редовите на Наполи, Елиф Елмас во игра влезе во 72.минта.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, се осврна на синоќешниот натпревар
– Раниот гол беше разочарувачки, можевме да играме подобро. Секогаш има простор за подобрување. Беше тешко да се игра по раниот гол на „Сан Сиро“. Ми се допадна играта на тимот и покрај тоа. Дури и во првото полувреме, го притиснавме Милан високо и создадовме шанси. Во последно време примаме малку повеќе голови, иако нашата одбрана отсекогаш била наша сила. Треба да продолжиме да работиме, но уживав во играта против толку физички противник како Милан, изјави Конте за „DAZN“.
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е задоволен од изданието на неговите фудбалери во дербито на 5. коло од Серија А.
– Среќен сум, ова беше важен тест против вешт противник. Игравме добро во првото полувреме, а во второто се браневме со десетмина. Сепак ова е само почеток. Момците играа одлично. Треба да продолжиме да работиме. Направивме мал чекор напред. Ќе има уште многу тешки натпревари како овој, но ако играме со овој борбен дух, ќе биде полесно да победиме. Имаме потенцијал да успееме, изјави Алегри за „DAZN“.
По оваа победа, Милан со 12 бода се искачи на чело на табелата во Италијанското фудбалско првенство. Исто толку бодови имаат Наполи и Рома, Јувентус е четврти со 11.