Бројот на заразени со новиот корона вирус во Русија се зголеми за 1.175 во текот на изминатите 24 часа на 8.672 во 81 од 85 региони на федерацијата. Ова денеска го соопшти рускиот оперативен штаб за борба против заразата.
Тоа е рекорден број нови случаи на ден во Руската Федерација.
– Во изминатите 24 часа оздравеа 86 лица. Вкупно закрепнати има 580 лица. Пет пациенти починаа во изминатиот ден и 63 за целиот период во Русија, се вели во соопштението.
Во Москва се регистрирани нови 660 заразени со новиот корона вирус, со што во главниот град на Русија сега има 5.841 инфицирани.