Главниот град на кинеската провинција Хубеи, каде за првпат се појави новиот коронавирус, од денеска повторно е отворен по 76-дневна блокада.
Градот со над 11 милиони жители, кој беше најтешко погоден од корона вирусот во Кина, го прослави своето повторно отворање со полноќна игра на светлата.
Властите ги отворија патишта што излегуваат од градот и им дозволија на луѓето да го напуштат градот со автомобил.
Вухан од 23 јануари беше практично изолиран од светот поради епидемијата на корона вирусот, а сообраќајот со градот беше целосно прекинат.
Пред повторно да биде отворен, централната кинеска провинција Хубеи објави дека ќе продолжи да спроведува мерки против Ковид-19, иако нејзиниот главен град Вухан ја укина забраната за патување.
Факултетите, основните и средните училишта, средните стручни училишта, технички училишта, како и градинките низ целата провинција ќе продолжат со одложување на почетокот на полугодието, се вели во објавата.