ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Кинотека проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“

October 2, 2025 10:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјална проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“, снимен во 1967 година во режија на Трајче Попов, ќе се одржи вечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“.

-Проекцијата на овој класик е посебно значајна, бидејќи на домашната публика ѝ овозможува повторно да го доживее филмот во неговата обновена, дигитално реставрирана верзија, а на младите генерации да се запознаат со еден од најрепрезентативните примери на македонската филмска традиција. Со цел да се овозможи што поширока достапност, филмот во исто време ќе биде емитуван во живо преку Јутуб каналот на Кинотеката, овозможувајќи ѝ на публиката надвор од Скопје и Македонија да го проследи ова значајно културно случување. Овој значаен настан е дел од европскиот проект „Сезона на филмски класици“ (A Season of Classic Films) – иницијатива на Асоцијацијата на европски кинотеки (Association des Cinémathèques Européennes – ACE), поддржана од програмата „Креативна Европа“ – МЕДИА на Европската унија, соопшти Кинотеката.

Во рамки на овој проект, Кинотеката ги дигитализираше и дигитално ги реставрираше филмовите „Мирно лето“, „Фросина“, „Мементо“ и „Мис Стон“, како и кратките етнолошки филмови „Мариовска свадба“, „Велигденски обичаи“ и „Русалиски обичаи“.

Кинотеката наведува дека „Сезоната на филмски класици“ е „уникатна можност за европската и светската публика повторно да ги открие ремек-делата на филмското наследство, со акцент на културната разноличност и историјата на филмот.

-Од своето основање, проектот овозможи реставрација и повторна дистрибуција на над 210 европски филмови, а оваа година низ програмата се претставуваат повеќе од 40 новореставрирани филмски дела од 27 европски филмски архиви. Во тој избор влегува и филмот „Македонска крвава свадба“, како еден од најзначајните македонски филмови којшто го доловува историскиот и културниот контекст на нашата земја и кој претставува камен-темелник во развојот на националната кинематографија. Со оваа проекција, Кинотеката се приклучува кон европската мрежа на институции кои го негуваат и промовираат филмското наследство, овозможувајќи старите филмови повторно да заживеат пред нови генерации гледачи, соопшти установата.

Целата програма на проектот „Сезона на филмски класици“ е достапна на ТУКА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бројот на жртви од силниот земјотрес на Филипините се искачи на 72

НАЈНОВО

Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

October 2, 2025

Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

October 2, 2025

Кривична пријава против член на Судскиот совет за „измама во службата“

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Холивуд со жестоки реакции за „актерката“ создадена со вештачка интелигенција Тили Норвуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска и ги повикуваме организациите за женските права, политичките партии, Хелсиншкиот комитет и сите здруженија, да го осудат говорот на омраза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судењето за „Штекли“ одложено откако првообвинетиот Раде Трајковски доби епилептичен напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk