ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

October 3, 2025 14:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Фото: Креирано со помош на ВИ

Фото: Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Одредени македонски портали, познати по тоа што и до сега, на руската агресија врз Украина гледаа исклучиво низ дурбинот на Кремљ, продолжуваат ревносно да ги извршуваат задачите доставени од нарачателите, дистрибуирајќи ги наративите на руските пропагандисти.

Така и со најновата информација дека американскиот претседател Доналд  Трамп, кој во духот на  неодамна променетата реторика ја продлабочува поддршката за Украина, откако неговите напори за унапредување на мировните разговори се во застој, потпиша дозвола за разузнавачките агенции и Пентагон да му помогнат на Кијив за ракетни напади со долг дострел врз енергетската инфраструктура на Русија. Оваа вест се чини особено ги вознемири московските мегафони во регионот, бидејќи ја засега најболната точка, енергетската инфраструктура на Русија и нејзиното производство и извоз на нафта и нафтени деривати, од каде се финансира руската воемна и пропагандна машинерија.

Без да се оди подлабоко за причината поради која Трамп се премисли и дозволи напади длабоко на руска територија, а тоа секако секојдневните руски ракетни и напади со дронови врз украинската цивилна инфраструктура во кои има голем број цивилни жртви, тие во текст со наслов „КРЕМЉ РЕАГИРА, НАТО ЌЕ Ѝ ЦРТА НА УКРАИНА КАДЕ ДА УДРИ? Mожни се напади врз мега-постројки внатре во Русија“, еднострано ја пренесуваат изјавата на (својот) портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој обвинува дека САД редовно ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина преку интернет,  коментирајќи ги наводите на „Волстрит џунал“ дека САД планираат да ѝ обезбедат разузнавачки податоци на Украина конкретно насочени кон нафтени рафинерии, гасоводи, нуклеарни централи и слична критична инфраструктура длабоко на руска територија.

Се пренесува и неговата изјава дека обезбедувањето и користењето на целата инфраструктура на НАТО и САД за собирање и пренесување разузнавачки информации на Украинците, според него е очигледно, иако разузнавачките информации од Вашингтон за Кијив еден период беа стопирани.

Иако се повикуваат на наводи на WSJ, нема ниту збор за тоа дека ваквиот  развој на настаните доаѓа во време на променливата реторика на Трамп за војната во Украина, откако неговите напори за посредување во мир меѓу Кијив и Москва досега не успеаја, а Трамп е фрустриран од рускиот претседател Владимир Путин и неодамна ги даде своите најпроукраински изјави досега.

При крајот на текстот додаваат дека, според написот на „Волстрит џурнал“ новото споделување информации за локации на постројките е со цел да ѝ се стане на патот на Русија во користењето и продажбата на гориво, болната точка за финансиите на пропагандистите.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија.

Руската пропагандата, преку погодни медиуми во Северна Македонија, која е членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, се стреми да ги прикаже Алијансата и  ЕУ како лицемерни, корумпирани, непријателски настроени, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Како што објави ЦИВИЛ во едукативен прилог „5 начини да препознаете манипулации во медиумите“ за тоа како да се разликуваат фактите од манипулациите, манипулативните текстови не секогаш содржат лаги.

Понекогаш доволно е да се постават прашања, да се користат селективни факти или да се имплицира вина, за да се создаде перцепција кај читателите. особено во предизборен период, кога јавноста често е бомбардирана со „ексклузиви“ и „скандали“ што звучат шокантно, но не секогаш се поткрепени со факти. Наместо докази, често се користат техники што создаваат сомнеж и недоверба кон политичките противници.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шукова од Бутел: БРТ систем за навремен, безбеден и функционален јавен превоз

НАЈНОВО

ДИК го утврди изгледот на гласачкото ливче

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News

Историски настан за Англиканската црква: Сара Малали назначена за прва жена надбискуп на Кантербери

October 3, 2025
Фото: Фронтлајн

Судијката Груевска Илиевска ќе ја води постапката за пожарот во „Пулс“

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk