ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Музафер Бајрам: Во овие свечени мигови на најномадскиот народ во светот, мора да кажеме „BESHEN KHERE“, или „Останете дома!“

Признаени како апсолутно рамноправен народ, во земјата која во овие неспокојни времиња предводена од респектабилно и максимално одговорно раководство ги постигна најголемите успеси во својата историја.

April 8, 2020 13:34
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Празниците се измислени од луѓето со цел да ги потсетат на големи настани кои што ја креираат и одбележуваат историјата на човекот како единствено суштество на кое што му е подарен разум од мајката природа, изјави мининистерот Музаферр Бајрам по повод Меќународниот ден на Ромите.  Во генетскиот код на нашата врста длабоко е впечатен кодот за постојано движење и постојана социјална корелација.

„Никогаш не помислив дека во овие свечени мигови ќе морам на најномадскиот народ во светот да му кажам „BESHEN KHERE“ во превод, останете дома. Всушност една од главните одлуки на првиот конгрес  одржан во Лондон од 8-ми до 12-ти април сега веќе далечната 1974 година беше одлуката Џелем, Џелем најпознатата ромска песна да биде избрана за наша химна.

Замислете каква иронија на луѓето на кои што Џелем Џелем или Одам Одам, им е Модус Вивенди да им кажете останете дома не одете никаде.

Во куси црти да се потсетиме на одлуките на првиот конгрес на кој што се собраа делегати од 14 земји. Покрај химната претставено е и ромското знаме. Не случајно  долниот дел од знамето е зелен, симболизирајќи ја земјата по која што одиме слободно, а горниот дел е син, симболизирајќи го слободното сино небо. Во средината е црвеното тркало кое што го симболизира нашиот вечен порив за постојано движење.

На четвртиот конгрес одржан во Полска во 1990 година донесена е одлука 8-ми април да се прогласи за официјален празник на Ромите. Многу одамна ние Македонските Роми, во Република Северна Македонија ја најдовме својата конечна одредница.

Признаени како апсолутно рамноправен народ, во земјата која во овие неспокојни времиња предводена од респектабилно и максимално одговорно раководство ги постигна најголемите успеси во својата историја.
НАТО повеќе не е далечен сон туку реалност, одлуката за почеток на преговори за членство во Европската Унија е донесена и потврдена.
Меѓутоа ова не е време за пароли и самозадоволства, ова е време за сериозни одлуки кои што ќе ги носат сериозни луѓе.

Голема чест и привилегија е што јас како Ром, сум составен дел на оваа Влада. Ве уверувам дека максимално се залагам, во овие тешки времиња да им го олесниме животот на сите луѓе а јас лично особено на ромското население.

Ние сме млада држава со ограничени ресурси, меѓутоа правиме максимални напори овој кошмар да заврши што поскоро.

На крај дозволете ми во овие празнични мигови како татко, сопруг, син и внук, а не само како министер во Владата на Република Северна Македонија уште еднаш да ве замолам, Останете дома – Beshen Khere,

Oven saste thaj bahtale “, рече Бајрам во неговото обраќање до јавноста.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk