Порше ја откри кабината на новиот електричен Кајен 2026, а веднаш се забележува дека сè е насочено кон дигиталната технологија. Контролната табла е доминирана од екрани: стандардно доаѓа со 12.3-инчи ОЛЕД дисплеј пред возачот, а како опција може да дојде и со 14.9-инчи екран за совозачот.
Инструментите пред возачот се целосно дигитални и прилагодливи, со тач-контроли околу закривениот дисплеј. Под главниот заоблен екран поставиле потпирач за дланка за полесно користење на тач-командите. Сепак, физичките копчиња не исчезнале целосно: има физички контроли за клима-уредот и за контролирање на јачината на звукот.
Амбиенталното осветлување е интегрирано низ целата кабина и има повеќе функции од само создавање амбиент. За време на полнење, бојата се менува во зависност од статусот на полнењето и исто така се менуваат боите во зависност од режимот на возење. Овие светлосни сигнали се дел од новите „Mood Modes“ на Порше, кои комбинираат амбиентално осветлување, звуци, анимации на екранот и дури позиција на седиштата.
Задните патници исто така добиваат комфор: седиштата можат да се поместуваат и навалуваат, со опција за греење и ладење. Над сето тоа, поставен е панорамски покрив со девет панели кои можат да се менуваат од проѕирни во мат, за да ја прилагодите светлината во кабината.
Се очекува овој модел на Кајен да искочи кон средината на 2026 година со цени од околу 115.000 долари до 170.000 долари.