Велика Британија секогаш ќе биде против оние кои сакаат да им наштетат на еврејските заедници, рече премиерот Кир Стармер и ги повика студентите да престанат да протестираат на втората годишнина од нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Секое израелско дете треба да живее безбедно со своите палестински соседи, рече Стармер во статија во „Тајмс“.
„Тие ги користат протестите како изговор за напаѓање на Евреите“
Тој ги нарече демонстрациите што треба да се одржат на универзитетите „небритански“ затоа што не ги почитуваат другите. Додаде дека некои ги користат пропалестинските протести како „изговор за напаѓање на британските Евреи“.
„Денес, на годишнината од злосторството од 7 октомври, студентите повторно планираат протести“, рече Стармер. „Тоа не сме ние како земја. Небританско е да се покажува непочитување кон другите“.
Годишнината од нападите на Хамас доаѓа неколку дена откако Џихад Ал-Шами, 35, Британец со сириско потекло, избоде двајца мажи до смрт пред синагога во Манчестер.