ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025 14:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што ќе се одржи во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година, е организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Конференцијата е ко-организирана во партнерство со членовите-основачи на Глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“ – Новиот европски граѓански форум (меѓународен) и Медија дијалог (Германија) – и во соработка со партнерските организации на Вестминстерската алијанса за Украина, вклучувајќи ги Centro Studi Internazionali (Италија) и Здружението Жан Моне (Франција).

Конференцијата ќе ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските процеси, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет.

Во текот на три дена, меѓународни партнери и гости — вклучувајќи новинари, лидери на граѓанското општество, креатори на политики, дипломати и академици од Европа, Западен Балкан, Украина и Соединетите Американски Држави— ќе разменуваат искуства и стратегии за изборниот интегритет и ќе изразат солидарност со Украина и демократските напори ширум светот.

Оваа конференција е дел од проектот „Демократски навигатор“, финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

прв ДЕН  – СРЕДА, 8 ОКТОМВРИ

Тема: Разбирање на заканите – Обликување на одговорот
Место: Хотел Континентал

  • 10:00–13:00| Градење сценарија зад затворени врати
    Јазици: македонски, албански и англиски (флексибилна повеќејазична работна сесија)
  • 13:00–13:30| Меѓународна прес конференција
    Вестминистерски сојуз за Украина, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода | Јазик: англиски
  • 13:30–14:00| Национална прес конференција
    ЦИВИЛ – Центар за слобода | Јазици: македонски и албански
  • 15:00–17:00| Вмрежување и состаноци
  • 18:00–20:00| Воведен панел
     Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори
    Настан организирани од ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со Вестминистерски сојуз за Украина и партнерите

Говорници и панелисти

  • Роџер Касале – Поранешен пратеник, основач и координатор, Вестминистерски сојуз за Украина, Обединето Кралство (лично)
  • Волфганг Ресман – Претседател, Нов европски форум на народите, претседател, Медија дијалог, Германија (лично)
  • Олександар Мережко – Член на Врховната рада, Украина
  • Гудрун Штајнакер – Потпретседателка, Здружение на Југоисточна Европа, Германија, поранешена амбасадорка
  • Емануеле Ерихиело – Заменик директор, „Centro Studi Internazionali“, Италија
  • Хедер Роберсон Гастон – Експерт за човекови права; Универзитет на Вирџинија, САД
  • Жан-Ив Леконт – Поранешен сенатор кој ги претставува француските граѓани во странство; „Place Publique“, Франција
  • Катерина Павлова – Експерт за граѓанско образование и демократија, CRISP – Германија/Украина
  • Оливие Ведрин – Политиколог и аналитичар; Асоцијација Жан Моне – Франција
  • Фрисо Вирсум – Менаџер за комуникации – Европска фондација за култура – Холандија
  • Иштван Хегедус – Претседател, Унгарско европско друштво; политиколог, поранешен пратеник

Модератор: Џабир Дерала – Претседател, ЦИВИЛ – Центар за слобода

Јазик: англсики | Високопрофилен меѓународен панел, пренос во живо

Втор ден – четврток, 9 октомври

Тема: Научени лекции – Заштита на демократијата
Место: Хотел Континентал | Јазик: македoнски

  • 08:00–09:30| Состанок за стратешко планирање зад затворени врати (партнери и одбрани учесници)
  • 09:30–10:00| Регистрација и кафе (кратки изјава за медиумите пред врата)
  • 10:00–11:00| Панел 1: Демократско назадување: Импликации и последици 

Панелисти

  • Никица Корубин – магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка
  • Тони Поповски – политиколог, архитект, поранешен министер за животна средина
  • Сашо Орданоски – Проф. д-р, политички аналитичар
  • Џелал Незири – Институт Бирц, политички аналитичар
  • Оливер Андонов – професор на Воена академија
  • Џелал Хоџиќ – Лидер на политичката партија СДА –Македонија, колумнист и аналитичар
  • Сефер Селими – Democracy Lab, политички аналитичар

Модераторка: Дијана Тахири

  • 11:30–12:30| Панел 2: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

Панелисти

  • Александар Новакоски – адвокат, поранешен претседател на ДИК и претседател на Работната група за изборни реформи
  • Александар Спасов – вонреден професор по правна теорија и филозофија на правото
  • Бесим Небиу – политички аналитичар
  • Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода

Модераторка: Биљана Јордановска

  • 14:00–17:00| Работилници зад затворени врати
    Работните групи, модераторите и известувачите ги консолидираат дискусиите во нацрт- заедничка изјава и стратешки препораки
  • Вечер | Вмрежување и брифинзи

 трет ден – петок, 10 октомври

Тема: Од увиди до акција – Градење демократска отпорност
Место: просториите на ЦИВИЛ и соседното кафуле

  • 10:00–12:00| Работилници зад затворени врати
    Теми: Меѓународни (демократија, солидарност, Украина); Национални (изборен интегритет и дезинформации)
    Демократски навигатор – првична проценка и планирање
    Известувачите ги презентираат резултатите; финализирани се заедничките изјави и стратешките препораки
  • 14:00| Конечни соопштенија за печатот
    Јазици: македонски, албански, англиски, германски, БХС
    Презентација на:

    • Заеднички изјави (меѓународни и национални теми) – повеќејазични
    • Првите наоди од Демократскиот навигатор
    • Најава на следните чекори, вклучувајќи и брифинзи за печатот на барање

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

СДСМ: Мицкоски и Петрушевски со лаги го покриваат бугарскиот капитал на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

Д-р Трајановски: Две нови градинки и проширување на капацитетите на постоечките во општина Аеродром

October 7, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата Лав Четиринаесетти ќе ги посети Турција и Либан во ноември на првото странско патување

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големи и актуелни светски имиња на 44. Скопски џез фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk