Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на панел дискусијата „ Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“, истакна дека нема политичка војла да се смени изборниот модел бидејќи засега ваквиот модел им носи бенефит.
„Имаме разнишана демократија во лулката на демократијата како што е САД. Имаме пропагандни и дезинформациски наративи кои ги доведуваат во целосна заблуда оние кои гласаат, а тие се користат како топовско месо.
Најевтино се инвестира во национализмот, а се добива голем профит. Имаме политичка култура оној што ја добива власта добива се, а оној што губи ќе изгуби се.
Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ.
На авторитарните режими не им е битно да убедат некој дали е факт или вистина, ним им е битно да предизвикаат недоверба, страв и несигурност. Водат хибридна војна за придобивање на срцата и умовите на луѓето за остварување на нивните цели. Исто така водат кампања да ги одвратат граѓаните од гласање со тоа дека „сите се исти“.
Преземено: Цивил Медиа