ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Д-р Јован Божиновски е нов в.д. директор на Клиниката за неврологија

October 13, 2025 13:49
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Доктор Јован Божиновски е именуван за нов вд директор на Универзитетската клиника за неврологија, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.

Назначувањето следи по разрешувањето на проф. д-р Игор Кузмановски. Тој беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи.

– Во врска со објавениот видеоматеријал на 10 октомври со компромитирачка содржина, која според член 111, став 1, точка 4 од Законот за здравствена заштита, а поврзано со предизвикување директна или индиректна штета на јавните здравствени установи, во овој случај нарушување на угледот на институцијата, поранешниот директор д-р Игор Кузмановски во петокот е разрешен и денеска е назначен нов директор д-р Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, истакна Алиу.

Тој посочи дека завчера имале неколку состаноци и контактирале со Лекарската комора, формирана е комисија од Министерството за здравство, побарано е да биде направен инспекциски надзор во таа институција, а поврзано со тој доктор. Потенцира дека очекуваат извештај од нив, кој ќе биде споделен со јавноста.

Одговарајќи на новинарско прашање Алиу рече дека во телефонскиот разговор со Лекарската комора  е информиран дека му е истечена лиценцата на доктор Кузмановски и дека прашањето е дали таа ќе се продолжи.

– За продолжувањето и издавањето на лиценци е надлежна Лекарската комора. Ќе чекаме од нив информација. Бараме детален извештај за неговата работата кој ќе биде проверен од МојТермин со Клиниката заедно со директорот, ќе биде проверен до кое ниво, каков тип пациенти има прегледано, кој тип здравствени услуги давал. Баравме и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да пристапат и веројатно се веќе таму. Размислуваме да направиме нов модул кој ќе биде поврзан со лиценците и во моментот кога истекува лиценцата да се блокира акаунтот на тој доктор. Тоа произлезе од оваа ситуација, рече Алиу и додаде дека по извештајот ќе се формира стручна комисија.

Одговарајќи на новинарско прашање дали и на други директори на клиники им е истечена лиценца, Алиу рече дека таа матрица на податоци е јавна и нивниот центар за процесирање податоци во текот на денот ќе му даде извештај за тоа колку лиценци се при крај и колку се истечени.

В.д. директорот на Клиниката за неврологија, Божиновски рече дека се наоѓаат во специфичен момент и дека со право македонската јавност е загрижена за сите овие случувања.

– Сакам да ве уверам дека од моето преземање, практично од овој момент Клиниката за неврологија ќе функционира непречено. Сите дијагностички консултативни амбуланти ќе функционираат непречено. Сите лекувања на пациентите ќе бидат во рамките на медицина базирана на докази, а ќе се залагам уште повеќе од овој момент, бидејќи клиниката е во процес на акредитација, да се забрза тој процес на акредитација за да се спречат токму ваквите појави кои за жал се случуваат, истакна Божиновски.

Посочи дека на негова иницијатива од денеска ќе се формираат две интерни комисии на клиниката со што ќе се иницира внатрешен стручен надзор над работата на минатиот директор во период од 12 месеци со цел да се направи една објективна проценка за квалитетот на услугите и стручните препораки кои тој ги давал.

– Паралелно ќе се формира нова комисија за која ќе се процени административното работење во рамките на законските овластувања и работните прописи. Сето ова кога ќе биде разгледано јавноста ќе биде информирана за добиените факти, истакна Божиновски.

Додаде дека ќе се поведе и дисциплинска постапка и дека ќе го почекаат извештајот на ДСЗИ и стручната комисија на Министерството за здравство, за да не избрзуваат, бидејќи се наоѓаат во сензитивен период

Прочитајте и…

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Д-р Јован БожиновскиКлиниката за неврологија
Next Post
Фото: МИА

Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
Скриншот

Трамп тврди дека „Хезболах е целосно уништен“ и повикува на мир со Иран

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk