ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Италијанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО

Досега, 23 земји го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјата во НАТО

October 16, 2019 11:51
in Uncategorized, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанскиот Сенат го ратификуваше денеска Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.

Благодарност за ратификацијата изрази министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук-профил.

-Благодарам Италија! Уште една ратификација на НАТО Протоколот, напиша Шекеринска во статусот.

Со Италија 23 земји досега го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјата во НАТО.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Но засега, неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера во интервју за МИА во однос на ратификацијата на Протоколот пред самитот на Алијансата изјави дека нема конкретен одговор, но, сепак, остава можност тоа да се случи. Според него, извонреден успех за земјата е што само за девет месеци документот го ратификуваа 22 од 29 членки на НАТО. Интервјуто Сера го даде пред ратификацијата на Италија.

Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и Велика Британија, Холандија, Исланд. Според праксата досега вообичаено Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, сè уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на Конгресот.

Извор: МИА

Next Post

Кој е тука предавник, по ѓаволите?!

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk