ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Од Царинската управа информираат дека се намалени увозните давачки во март, а извозот на зеленчук и овошје е зголемен

Директорот на Царинската управа изјави и дека покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленук во март годинава е поголем за 3.000 тони во однос на 2019 година.

April 9, 2020 11:10
in ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Увозните давачки во март во просек бележат намалување за 10 проценти во споредба со минатата година, поради кризата, намалената потрошувачка на акцизна стока,  но и намалената цена на нафтените деривати. Прекуграничната трговија се одвива без проблеми, кај извозот бројките покажуваат зголемување кај свежиот зеленчук и овошјето.

Ова го соопшти директорот на Царинската управа Ѓоко Тансоски денеска на прес-конференција, кој оцени дека Царината има исклучителна сложена и одоговорна функција и оти и во овие услови ги завршува задачите и врши контрола на тоа што се увезува. И во услови на ограничено движење, како што вели, Царината обезбедува да нема никакави нарушувања во поглед на снабдувањето со стоки.

-Република  Северна Македонија во областа на прекуграничната трговија нема никакви проблеми со соседните земји, пред се Грција и Бугарија како резултат на исклучително добрите политички односи по потпишувањето  на Преспанскиот договор и Договор за добресоседство со Бугарија. Исто така, благодарение на исклучително добрите  политички односи со Србија, Албанија и Косово не се забележани никакви застои во одвивањето на трговијата, рече Танасоски.

Како што соопшти, вредноста на извозот во  јануари-март 2020 изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарда евра што е повеќе за 210 милиони евра во однос на 2019 година. Вкупната количина на извезена стока, пак, изнесува 702.650 тони.

Според Танасоски, и покрај исклучително тешките услови извозот на свеж зеленук во март годинава е поголем за 3.000 тони во однос на 2019 година, додека пак кај вредноста се бележи одредено намалување и изнесува 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра.

Кај извозот на свежо овошје, рече, во март 2020 е поголем за милион евра во однос на 2019 година, и во март 2019 изнесувал 3,7 милиони евра или 9.126 тони.

-Царината заедно со другите органи во Владата прави исклучителни напори за одржување на економската активност и поддршка на извозот. Како резултат на дигиталната царина и воведувањето нов софтвер од 1 април  годинава царинската постапка е целосно без хартија. Тоа практично значи дека секој извозник покрај тоа што не треба да поднесува хартиена царинска декларација,  не е потребно да ги поднесува и другите царински документи. На овој начин придобивките покрај олеснување на трговијата во ова кризно време придонесуваат и за избегнување на физичкиот контакт, истакна Танасоски и додаде дека царинењето може да се изврши во рок од 24 часа.

Потсети дека за сите информации се достапни на економските оператори, на воведениот зелени коридори за обезбедување 24-часовна работа на граничните региони во рамки на ЦЕФТА регионот и клучните гранични премини со ЕУ, како и листа на приоритетни стоки.

Меѓу  мерките за олеснување на работата на економските оператори ги наведе продолжениот рок на одобренијата за поедноставени постапки до 30 септември 2020 година, укинување на царинските давачки на потрошен медицинскиматеријал, лекови и суровини за производство, укинување на царинската давачка за замрзнато свинско место, можност за одложување на плаќањето на царина, ДДВ и акциза,  продолжување на важноста на банкарските гаранции, а поедноставена е  постапката за реиздавање одобренија за повластените корисници на етилалкохол.

Во одговор на новинарско прашање рече дека во март е регистриран пад на наплатата на акцизите, а со тоа и на увозното ДДВ во просек од 10 проценти.

-Во споредба со минатата година наплатата е намалена за 654 милиони денари и сето тоа се должи на намалувањето на потрошувачлката на акцизната роба и согласно тоа повлекува и одредени намалувања на цената на нафтените деривати, истакна директорот на Царинската управа.

Тој посочи дека во овој период се поднесени шест кривични пријави до ОЈО по различни основи, за фалсификување исправа и за интелектуална приватна сопственост. – Царината,потенцира тој, и во овие услови си ги завршува задачите и врши контрола на тоа што се увезува.

Next Post

12: Германија ги почна испитувањата за вакцина за Ковид-19, Јункер повикува на поголем буџет во ЕУ, на сметката за донации пристигнати се повеќе од 59 милиони денари

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk