ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Летај Галебе“ – промоција на монографија за Кире Костов

October 14, 2025 11:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во среда, 15 октомври во 19 часот, во кафе „Литература“ во Дајмонд Мол, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Летај Галебе“, посветена на маестро Кире Костов – еден од најзначајните македонски композитори, аранжери и диригенти.
Настанот претставува омаж на неговото животно и уметничко дело, чиј опус остави неизбришлив белег во современата македонска музика.

Автори на монографијата се Снежана Анастасова Чадиковска – истакната македонска пијанистка, пијано педагог, музички публицист и организатор, и Марко Коловски – виден музиколог, публицист, новинар и општественик.
Визуелниот идентитет го креираше Методија Ачевски, а изданието е реализирано во печатницата „Бранко Гапо“.

Монографијата „Кире Костов“ ги осветлува животниот пат и грандиозното дело на маестро Костов – низ фотографии, сведоштва и архивски материјали што сведочат за неговиот влог во македонската култура.

Промотор на делото е проф. д-р Александар Трајковски – музички теоретичар, истражувач, педагог и публицист, а модератор на промоцијата ќе биде Живкица Каленикова.
На настанот ќе зборува и Кармен Костова, академски музичар и пијано педагог, сопруга на Кире Костов, која е иницијатор на проектот.

Монографијата ја создадовме со многу љубов и почит. Кире беше човек што целосно ѝ се предаваше на музиката и на луѓето околу него. Со оваа книга сакавме да му возвратиме со иста љубов – да покажеме колку ни недостига, но и колку многу ни остави. Секој ред, секоја фотографија и секое сведоштво носат дел од неговата енергија, која и понатаму нè инспирира. – изјави Кармен Костова.

На промоцијата се очекува присуство на бројни уметници, пријатели и соработници на маестро Костов, кои ќе му оддадат почит на човекот чие творештво е белег на македонската музика и време.

Промоцијата е и најава за претстојниот гала-концерт „Летај Галебе“, што ќе се одржи на 11 ноември во Националната опера и балет, во режија на Дејан Пројковски.
Концертот ќе обедини голем број македонски музичари и соработници на Кире Костов, кои со изведби во живо ќе му оддадат почит на неговото дело.

Tags: Кире Костовмонграфија
Next Post

Шукова: Време е јавните претпријатија да им служат на граѓаните, а не на партиите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk