ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сиљановска Давкова: Очекувам мирна изборна атмосфера, од кампањата не може да направам разлика за какви избори се работи

October 15, 2025 15:44
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на претседател

Фото: Кабинет на претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува претстојните локални избори  да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат како што сакаат, но укажува дека според реториката во кампањата многу е тешко да направи разлика за какви избори се работи.

Сиљановска Давкова денеска на новинарско прашање оцени дека и на овие избори се зборува за профилот на личноста, а не за активностите и решенијата, укажувајќи дека културата во говорот е најважната работа особено кога се во прашање лидерите.

– Ова е многу тешко прашање, бидејќи јас како што гледате, се обидувам од страна  да ги гледам работите бидејќи сум претседателка на сите граѓани и не сакам да имам политичко влијание, но мислам веќе кажав еве ќе повторам. Прво, во прашање се локални избори. Локалните избори треба да водат кон избор на вистински личности спремни да ги решаваат локалните проблеми. Многу тешко ми е искрено да направам разлика за какви избори навистина се работи. Второ, не сакам да поверувам дека Државната изборна комисија со целиот систем на општински изборни комиси, Градска изборна комисија, избирачки одбори, после 30 години нема капацитет да спроведе фер и демокатски избори или добро да ги спроведе изборите. Очекувам изборите да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат така како што сакаат, изјави Сиљановска Давкова, по учество на настан по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.

Претседателката на државата дополни дека и по 30 години не може да го разбере говорот, кој, нагласи, „за жал, и на овие избори, не од сите, многу пати е ад хоминем, а не ад рем, се бави со профилот на личноста, а не со активностите и решенијата“.

Порача дека лидерите на партиите  имаат просветителска мисија  и оти не може се очекува од граѓаните да го контролираат својот говор на социјалните мрежи ако се инспирирани од оние кои треба да бидат носители на дијалог.

– Тоа е недозволиво. Јас знам дека има страст на изборите. Каде што се партиите секогаш има страст, меѓутоа, мислам дека културата во говорот особено кога се лидерите во прашање е најважната работа. Тие имаат просветителска мисија, не можете да очекувате од граѓаните потоа да го контролираат својот говор на мрежите, ако се инспирирани, ама инспирацијата не е бенигна туку е малигна, од оние кои треба да бидат носители на дијалог. Истово го повторувам и за портпаролите на партиите. Во светот портпаролите и на институциите и на партииите се промотори на мировен дијалог, а не на навреди. Мораме да го надминеме тоа, ако сакаме навистина да бидеме пристојна европска демократска држава, рече Сиљановска Давкова.

Во тек на кампањата наведе дека слушнала и невидени тврдења, издвојувајќи го како пример ветувањето од еден кандидат дека ќе прогласи вондредна состојба и  оти за тоа немало реакција.

– Како може градоначалник да прогласи вонредна состојба? Вонредна состојба прогласува Собранието, а ако не може да се состане тогаш Претседателот на државата. Јас сум голем критичар на воведување вонредни состојби бидејќи во вонредните состојби се најзагрозени слободите и правата на човекот и граѓанинот, ама ваков феудален говор навистина мора да се ограничи или барем да се предупредат бидејќи полно луѓе мислат дека тоа било најхраброто нешто што го чуле, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Tags: избориСиљановска Давкова
Next Post

СДСМ: Нови злоупотреби во ОИК Кратово, трудов инспектор а работи за ДПМНЕ, ДИК да реагира

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk