На два дена пред локалните избори, независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми, ги повика граѓаните да го искористат своето уставно право да гласаат и да ја изберат иднината на својот град.
Во своето обраќање, Адеми ја потенцира важноста на активно учество на изборите и го поставува прашањето до граѓаните:
– Дали денес сме подобро отколку пред осум години кога размислуваме за отпадот, кучињата скитници, корупцијата, економијата и перспективите за нашата младина, праша Адеми на прес конференцијата во изборниот штаб.
Тој оцени дека дека е време за вистинска промена и за лидер кој работи за градот, а не за интересите на одредена партија.
Адеми вети целосна посветеност за решавање на најитните проблеми на општината, почнувајќи од чистење на градот и селата, справување со кучињата скитници, борба против корупцијата и зајакнување на локалната економија за обезбедување на добро платени работни места за младите.
Во насока на подоброто раководење со градот, тој посочи дека секоја година ќе ги прашува граѓаните дали го одобруваат неговото работење и ќе поднесе оставка доколку граѓаните не се задоволни со неговата работа. Обраќањето го заврши до апелот за поддршка.
– Да го исчистиме Гостивар заедно и да ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Време е за промена. Заедно сме повеќе – заедно ќе победиме за Гостивар. рече Адеми.