ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Нови 46 позитивни на Ковид-19, бројот се искачи на 663, УКИМ со поделени ставови за онлајн полагањето испити, идеи за домашни активности за деца, Brainster креативно се заблагодари на сите лекари

Настаните до 15,00 часот.

April 9, 2020 14:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ВО изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица, информира министерот за здравство Венко Филипче.

ДИМИТРОВ: На наша иницијатива, со другите министри за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денес испративме писмо до повеќе тела во ЕУ за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции односно специјални извозни дозволи.

АГЕНЦИЈАТА за вработување ја објави, редовно и уредно, бројката на невработени лица за месец март, која што во споредба со претходниот месец бележи зголемување за околу 2.000 лица, вели директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на УСС-УКИМ, Борјан Ефтимов вели дека факултетите на УКИМ, како и нивните студентски собранија, се поделени во ставовите дали испитите треба да се полагаат онлајн. Лично смета дека електронското полагање ќе доведе до манипулации и ќе го деградира квалитетот на високото образование.

БРИГАДАТА за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 02.04 до 08.04.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, добила само една пријава од граѓаните.

ДОКОЛКУ граѓаните имаат технички проблеми во функционирање на телекомуникациската мрежа може да се обратат до операторите, чии технички екипи и покрај тоа што е полициски час и е прогласена вонредна состојба излегуваат на терен.

СПЕЦИЈАЛНИТЕ едукатори и рехабилитатори Теодора Томовска и Магдалена Лазарова даваат идеи како со најминимален напор и скромни реквизити во условите на вашиот дом можете да искреирате активности кои ќе ги анимираат вашите деца во време на карантин.

САШО Орданоски: Гром во мојата коприва не удира!

СТУДЕНТИТЕ од Академијата за неформално образование Brainster изработија креативни плакати за поддршка на здравствените работници кај нас и во светот.

БиХ месецов нема да добие 165 милиони евра итна помош од Меѓународниот монентарен фонд (ММФ) бидејќи во таа земја не можат да се договорат како ќе се поделат парите, потврди шефот на канцеларијата на ММФ во Сараево, Ендрју Џуел.

АВСТРАЛИСКИТЕ власти денеска се заканија со големи парични казни, па дури и затворски за оние кои без посебна причина ќе го напуштат домот за време на Велигденските празници, со цел да се намали ширењето на корона вирусот.

СПОРЕД најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.529.439 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 89.416, а оздравеле 337.164 луѓе.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk