Изборниот тек од локалните избори во Дебар и Центар Жупа се одвива нормално, со зголемена излезеност на граѓаните, кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии.
Во општина Дебар, до 11 часот гласале 981 лица или 5 отсто од вкупно запишаните 19.762 граѓани со право на глас.
Зголемена излезеност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот од вкупно запишаните 7.551 гласале 369 или 4,8 отсто.
Во двете општини, кои припаѓаат на Изборна единица број 5 се гласа на 43 избирачки места, од нив во Дебар на 27, кои како што потврдуваат од ОИК редовно се посетуваат од нивни членови.