Додека низ САД се одвиваат масовни анти-Трамп протести „БЕЗ КРАЛЕВИ“, Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth social објави видео креирано од вештачка интелигенција на кое се претставува со круна на главата како пилотира со борбен авион на кој пишува KING TRUMP (Кралот Трамп) додека буквално фрла измет врз американските граѓани кои демонстрираат.
Trump posts AI video showing him literally dumping shit on America pic.twitter.com/qZ2ZC6s8EW
— Aaron Rupar (@atrupar) October 19, 2025
Ова се случи откако голема толпа Американци маршираа низ американските градови за да се спротивстават на потезите што тој отворено ги презеде кон авторитаризам откако се врати во Белата куќа во јануари.
Тие носеа знаци и облека со пораки кои се движеа од директните – „БЕЗ КРАЛЕВИ, БЕЗ НАЦИСТИ, БЕЗ ТРАМП“ – до суптилните – како капа со зборовите „Мексикански Залив“, што се однесува на неговиот декрет дека сега ќе се нарекува Американски Залив.
Корисниците на социјалните медиуми негативно ги оценија обидите на Трамп за хумор.
Се прашувам што ќе каже за ова комитетот за Нобелова награда за мир, коментира еден корисник на Х.
Драган Мишев / Цивил Медиа