Христијан Мицкоски очаен за внимание денеска уште еднаш покажа дека не разбира економија и финансии, или пак свесно манипулира со бројките што е далеку поопасно. Последните податоци за реализација на буџетот упатуваат на реално планирање на приходната и расходната страна. Ако се анализираат бројките на приходната страна со месец февруари 2020, тие се на ниво од 14.32% вкупните расходи се на ниво од 14.87 %, пишува во соопштението на СДСМ.
„Имајќи ја предвид динамиката на реализација на буџетот, никој не очекува дека ова ќе остане на ова ниво, и дека ваквиот развој на реализацијата дури и за лаиците укажува, дека нема ништо чудно во реалзиација на иститот.
Пресметано по месеци, имаме реализација на приходна и расходна страна на отприлика 7%. Реализацијата на за расходната страна и секако приходната страна, се знае дека секогаш е различна по месеци и таа е секако повеќе изразена при средина и крај на годината.
Заради начинот на извршување и динаминката на исплата буџетскиот дефицит секогаш е многу поголем во првиот и последниот квартал од годината во споредба со вториот и третиот, па така зголемениот буџетски дефицит во прв квартал оваа година не излегува надвор од очекуваното зголемување
Освен за реализација на Буџетот, Мицкоски манипулира и со стоковата размена.
За илустрација, во истиот споредбен период осносно првите два месеца од 2019 и првите два месеца од 2020 државата има зголемен извоз за 3.4% процентни поени или во апсолутни бројки скоро 30 милиони евра.
Исто така увозот е зголемен за истиот период околу 5%, или во апсолутни бројки околу 70 милиони евра.
Покриеноста на увозот со извоз во 11 години владеење на ВМРО се движеше во интервалот од 60% до 70%, додека со промената на власта овој индикатор тргна нагоре, односно извозот се зголемува со многу поголеми стапки отколку увозот:
Официјални податоци ги демантираат лаги на очајниот Мицкоски кој не пропушта прилика да шири паника и вознемиренсот меѓу граѓаните.
Мицкоски треба да научи економија и да престане свесно да манипулира со податоците за дневнополитички цели“, пишува во партиското соопштение.