ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025 07:34
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Нема да се гласа за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори.

Во вториот изборен круг за градоначалник се гласа во главниот град и во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.

Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474 304 избирачи.

Во главниот град во општините Центар, Аеродром, Карпош ќе има две ливчиња за гласање бидејќи се избира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа за градоначалници и ќе има прегласување и за советници. Во останатите општини ќе се гласа само за градоначалник.

Изборите ќе ги следат 1 598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.

На денот на изборите, утре гласањето ќе почне во 7:00 часот, а ќе трае до 19:00 часот.

Гласачите на избирачкото место ќе можат да одат само еднаш. Се гласа тајно, а на овие избори како и на минатите за идентификација на избирачите освен лична карта или пасош ќе се прави и со т.н. фингерпринт апарати.

Гласањето започнува во 7 часот, а завршува во 19:00 часот. Може да биде продолжено доколку на избирачкото место во 19 часот има останато гласачи, или доколку има прекин на гласањето во текот но со одлука на ОИК или ДИК. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.

Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19:00 часот, по претходна согласност од надлежната ОИК, но не отпочнува со броење на гласовите пред 19:00 часот.

Индетификацијата на гласачите се врши важечка лична карта или пасош и со апаратите за биометриска идентификација.

Гласањето е тајно, се врши зад параваните со сино хемиско пенкало, а забрането е групно или семејно гласање, како и носење оружје на гласачко место.

Резултатите од гласањето на изборите се очекуваат во текот на вечерта, а се очекува последната прес-конфренција ДИК да ја одржи околу 23 часот. Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови. Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. Согласно, Изборниот законик по добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот. Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на поверениквго известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

На 19 октомври, на првиот круг, изборите завршија и беа избрани 44 градоначалници и советници во речиси сите општини, со исклучок на Шуто Оризари каде се прегласува. Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, не беше избран градоначалник затоа што на гласањето во првиот круг на 19 октомври не беше постигнат цензусот од најмалку една третина излезност. Во овие општини ќе почне нова изборна постапка за избор на градоначалник во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025, согласно Изборниот законик.

Ова се осми Локални избори во земјата, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

На Локалните избори 2025 вкупно учествуваат (прв и втор круг) 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Next Post

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk