ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025 10:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ соопштува дека дека за денеска, вториот круг од локалните избори, со почеток од 7 часот започна со работа и комуникација. Закажани се четири термини за прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста, медиумите и сите засегнати граѓанки и граѓани. Во текот на целиот ден ќе се објавуваат извештаи од теренот, како и едукативни и други видео содржини што произлегуваат од „Демократски навигатор“, проект кој претставува стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани, со фокус на изборниот процес 2025.

Прес конференциите ќе се емитуваат во живо на Фејсбук страната и Јутуб каналот на ЦИВИЛ, а редовни извештаи ќе се објавуваат и на веб страниците ЦИВИЛ Медиа на македонски и Дрејт на албански, додека меѓународната јавност ќе биде информирана преку веб страницата CIVIL Today на англиски. Видео обраќањата ќе бидат на македонски и албански.

Онлајн прес конференции ќе се одржат во 11:00, 14:00 и 17:00 часот. По затворањето на избирачките места, извештај и првична оценка на изборниот ден ќе има во 21:00 часот. Во меѓувреме, на медиумската платформа на ЦИВИЛ цело време ќе се објавуваат извештаи на македонски, албански и англиски јазик.

ЦИВИЛ ќе биде отворен за сите информации што доаѓаат и од други засегнати страни – невладини организации, мониторинг мисии, граѓанки и граѓани, како и од учесниците во изборната трка. Сите извештаи од теренот што ќе ги доставуваат набљудувачите на ЦИВИЛ, како и пријавите од надворешни извори ќе бидат подложени на стандардна проверка и верификација.

Сите медиуми се добредојдени да ги преземаат содржините на ЦИВИЛ со молба да се наведе изворот. ЦИВИЛ ќе отвори и Зум линк за видео комуникација со медиумите во термините за прес конференции, но и во други термини, по барање на редакциите.

Во понеделник напладне ЦИВИЛ ќе започне со објавување на целосни извештаи, оценки и анализи на изборниот процес, а претставници на организацијата ќе бидат на располагање на медиумите за изјави и интервјуа. Тие извештаи ќе ги откријат сите детали, називи на политичките партии и институции, како и имињата на сите што се наоѓаат во извештаите од мониторингот. Како и секогаш, ЦИВИЛ ќе објави и анализи и препораки што произлегуваат од работата на организацијата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk