Со концерт на минјо музика, вечер, во Музејот на македонската борба за независност, Амбасадата на Јапонија го почнува одбележувањето на „Денот на културата“ во земјава.
По овој повод е предвидена и Недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола.
-Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката. Голем број настани се одржуваат во Јапонија на овој ден, меѓу кои и церемонијата за доделување „Орден за култура“ во Царската палата во Токио. Царот ги доделува наградите на добитниците со извонреден придонес во науката, уметноста и културата. Околу овој датум се одржуваат многу фестивали за уметност и култура, како и доделувања награди во организација на приватни и јавни установи во земјата, наведуваат од Амбасадата на Јапонија.
Во Кинотека на 13 ноември ќе биде прикажан „Под отворено небо“, на 14 ноември „Нико од рибарското пристаниште“, на 15 ноември „Пингвински автопат“ и „ВОТАКОИ: Љубовта е тешка за отаку“, на 17 ноември „Изнајми мачка“, а на 18 ноември „Бурманската харфа“.
Во КИЦ – Битола на 19 ноември е проекцијата на „Под отворено небо“, а на 20 ноември проекцијата на „ Бурманската харфа“.





