Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) продолжува да посредува меѓу Русија и Украина околу нуклеарните централи во Украина, изјави денеска генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.
Тој нагласи дека има зголемен интерес за нуклеарна енергија во светот, но дека инвестициите и новите проекти мора да бидат во согласност со правилата и мерките за неширење на нуклеарно оружје.
Минатата недела, Гроси изјави дека рускиот напад со ракети и дронови врз Украина оштетил електрични трафостаници кои се клучни за одржување на нуклеарната безбедност во земјата, а две нуклеарни централи останале без надворешен далновод.
„Заканите за нуклеарната безбедност остануваат многу реални и постојани. Го повторувам мојот повик за максимална воена воздржаност во близина на нуклеарните постројки и целосно почитување на седумте основни принципи на нуклеарна безбедност и сигурност“, рече Гроси во тоа време.
МААЕ, исто така, изјави дека во нуклеарната централа Запорожје се во тек напори за поправка на оштетената линија Фероплавна-1 и дека се откриени дополнителни штети.





