ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025 11:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го продолжува циклусот книжевни средби и работилници „ПАРАЛЕЛИ И СИНТЕЗИ: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, во којшто во фокусот се дела од современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на српски јазик. Утре (6 ноември 2025.), со почеток во 19 часот, во просториите на „Спона“ ќе се одржи книжевна вечер со една од најмаркантните македонски писателки и едно од најмоќните пера на современата македонска книжевност, Фросина Пармаковска. Средбата е посветена на српското издание на романот „Одбројување“, за којшто Пармаковска ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Преводот на српски јазик е на Миќена Илиќ, а е во издание на реномнираната издавачка куќа „Градац“, со финансиска поддршка од европската мрежа за литература и превод „Традуки“. Ова беше прв превод за Пармаковска на српски јазик.

Со свои видувања на настанот ќе говори и книжевникот и програмски директор на СПОНА – Милутин Станчиќ, а модератор на книжевната вечер ќе биде Иван Антоновски. Во рамките на средбата ќе се оствари разговор со Пармаковска во којшто со прашања ќе може да се вклучат и присутните.

„Градац“ е издавачка куќа со неколкудецениско постоење, а романот „Одбројување“ влегува во едицијата „Лаѓа“, во која се застапени делата на познати автори, како Светислав Басара, Мухарем Баздуљ, Влада Урошевиќ и други. Патувањето на романот до српскиот превод е приказна сама по себе: првично, идејата настана откако еден монах му ја дал книгата на друг монах што живее во Србија и кој само што ја прочита имал голема желба таа да стане достапна за српската читателска публика.

– Преку неговите контакти со српските писатели, односно издавачи, објавата на романот почна да станува возможна, особено откако коцките се споија со појавувањето на преведувачката од македонски на српски јазик. Милена Илиќ, но и со одлуката на „Традуки“ да помогне за изданието. Лично јас, многу сум среќна поради ова од повеќе причини, пред сѐ затоа што ова е прв превод на српски јазик на „Одбројување“, но и прв превод на српски јазик, воопшто, за мене – посочи писателката Фросина Пармаковска по објавувањето на преводот во 2021 година.

Tags: „Спона“Фросина Пармаковска
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

НАЈНОВО

Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk