ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕУ инвестира во обновливо гориво и брза железница, 100 милијарди евра за чист транспорт

November 5, 2025 15:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска усвои сеопфатен пакет за транспортниот сектор, кој предвидува забрзување на воспоставувањето на европска мрежа на брзи железници и поголеми инвестициите во обновливи и горива со ниско ниво на емисии на јаглерод диоксид за воздухопловство и поморскиот сообраќај.

Како што соопшти ЕК, целта на овој пакет е обезбедување на поефикасен, поврзан, лесно достапен, чист и отпорен транспортен систем во ЕУ.

Со планот се предвидува создавање на побрза, поинтероперабилна и подобро поврзана европска мрежа на возови со брзина од над 200 километри на час до 2040 година, со што би се скратило времето на патување и железницата би станал привлечна алтернатива за воздушниот сообраќај на кратки релации.

Остварувањето на ваквите цели се очекува донесе поголем бројот на патници во железничкиот сообраќај и да ги поттикне регионалните економии и туризмот.

– Патниците ќе можат да патуваат од Берлин до Копенхаген за четири часа, наместо сегашните седум, а од Софија до Атина за шест часа, наместо сегашните 13 часа и 40 минути. Новите прекугранични врски, исто така, ќе овозможат побрзи и поедноставни патувања од Париз до Лисабон, преку Мадрид, и подобрена поврзаност меѓу балтичките главни градови, се наведува во соопштението.

Покрај намалување на времето за патување, на овој начин ќе се намали и застојот и ќе се ослободат капацитет на конвенционалните линии, товарниот транспорт и воената мобилност.

Покрај ова, пакетот предвидува и инвестиции од 100 милијарди евра до 2035 година за производство на околу 20 милиони тони обновливи и горива со ниско ниво на емисии на јаглерод диоксид за воздухопловство и поморскиот сообраќај.

– Ова испраќа јасен сигнал до инвеститорите дека остануваат во сила целите на Европа и дека Комисијата ќе ја поддржи транзицијата кон климатски неутрална економија. Со забрзување на домашното производство на биолошки и небиолошки горива, Европа може да ја намали својата зависност од увезени фосилни горива, да ја подобри конкурентноста на своите индустрии и да ја предводи транзицијата кон чиста енергија на глобално ниво, потенцира ЕК.

Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Напад во Франција, возач намерно влетал во пешаци на островот Олерон, петмина повредени

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk