ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Три награди за „Ритам на животот“ во копродукција со „Круг филм“ од Скопје на Филмскиот фестивал во Солун

November 10, 2025 09:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Долгометражниот филм „Ритам на животот“, плод на соработката на продукциски куќи од неколку земји, меѓу кои и „Круг филм“ од Скопје, освои три награди на 66 Филмски фестивал во Солун, каде што беше и премиерно прикажан, јави дописничката на МИА од Атина.

Филмот доби две награди од публиката во категориите „Грчки филм“ и „Meet the Neighbors“, како и наградата „Crew United“.

Главен продуцент на „Ритам на животот“ е грчката продукциска куќа „Соул Продукција“, а копродуценти се и Дејан Крајчевски од македонската „Круг филм“, како и продукциски куќи од Бугарија, Кипар Црна Гора и Франција.

Филмот ја раскажува приказната за младата Лена, 20-годишна девојка која живее во Атина со семејството, работи во локален супермаркет, но поради сиромашниот живот секојдневието и е исполнето со напнатост и сака да започне свој живот, но сѐ ќе се смени кога ќе добие отказ, истовремено дознавајќи дека е бремена.

Режисерката и косценаристка Америса Баста, минатата седмица во пресрет на премиерата на филмот на фестивалот, во разговор со дописничката на МИА од Атина посочи дека темите што ги анализира „Ритам на животот“, „се заеднички за сите балкански земји“.

Премиерата беше во натпреварувачкиот дел „Meet the Neighbors“, а Баста изрази задоволство што филмот учествуваше токму во овој дел, бидејќи, како што рече, „самиот филм е создаден од земји кои се соседи, копродукција од неколку земји, повеќето се балкански земји Грција, Северна Македонија, Бугарија, Црна гора, како и Кипар и Франција“.

Во однос на наградите, минатата седмица истакна дека „секогаш се добредојдени“, но она што за целиот тим ќе биде најголема награда е да „биде претставен пред публиката и да допре до срцата на гледачите“.

Снимањето започна во август 2023 година, тогаш МИА присуствуваше на еден од сетовите во центарот на Атина, а режисерката и косценаристка тогаш рече дека нивната желба е премиерата да биде на некој голем фестивал, како пример споменувајќи го Филмскиот фестивал во Солун, а сега две години подоцна, токму таму „Ритам на животот“ беше првпат прикажан пред публиката, освојувајќи три награди.

Сценариото на „Ритам на животот“ е на Димитрис Накос и Америса Баста, која воедно е и режисерка.

Во главната улога, во улогата на Лена е младата грчка актерка Елина Циорбаѕи, а кастингот е составен од млади и надежни актери, но и постари и веќе искусни актери од Грција и од Албанија.

Филмот е финансиски поддржан од Филмските центри на Грција, Црна Гора и Кипар, како и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Tags: Ритам на животот
Next Post
Фото: Вимблдон ФБ

Aлкараз повторно e прв светски рекет

НАЈНОВО

Мечка нападна ловец на печурки, има тешки повреди на лицето и главата

November 10, 2025

Поради блокадата на Владата, над 1.500 летови откажани денеска

November 10, 2025
Скриншот

Туск: НАТО останува темел на безбедноста и покрај тензии со САД

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk