ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нова фаза на проширување: Костал инвестира 30 милиони евра и планира 200 вработувања во 2026

November 11, 2025 12:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Костал“ во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и ќе бидат отворени нови 200 работни места.

На средба со извршниот директор „Костал Аутомотив“ Каи Кникман и Виктор Мизо, директор на „Костал“ Македонија, претпладнево беше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази задоволство, што „Костал“ верува во Охрид и во Македонија, и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.

– Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа. Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу, рече Мицкоски.

Каи Кникман, извршниот директор на „Костал Аутомотив“ истакна дека после девет години успешна работа, „Костал“ пристапува кон нова фаза на проширување.

– Во моментот, предвидуваме зголемување на приходите од 60 проценти споредено со минатата година, и тоа ни дава можност да продолжиме да инвестираме во нашата македонска фабрика. Во 2026 година ќе почнеме со нов циклус на инвестиции што во моментов е планиран да биде околу 30 милиони евра. Тоа значи дека новите инвестиции ќе донесат нови производи, натамошно зголемување од 20 проценти во текот на следната година и нови работни места, рече Кникман.

Во „Костал“ во Охрид има околу 1200 вработени, а во 2026 година е планирано да бидат отворени дополнителни 200, што, како што посочи Кникман, претставува уште еден храбар чекор во нивната успешна приказна во Македонија.

– Ние како „Костал“ продолжуваме понатаму како инвестиции и развој во Охрид, иако европскиот пазар и автомобилската индустрија во моментов се во стагнација, сепак ние одлучивме со дополнителни инвестиции од над 30 милиони евра за следната година со нови клиенти да го прошириме портфолиото како на клиенти, така и на производи. Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра, рече Виктор Мизо, директор на „Костал“ во Македонија.

Со тоа, потенцираше Мизо, ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени.

– Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности-сето она што е поврзано со финансии, со логистика, со квалитет. Така од таа страна навистина очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за регионот, Охридско-Струшкиот регион, туку и за целата државата, но истовремено ова да значи еден мотив како и други компании би можеле да се фокусираат и да ја користат Македонија во целиот свој процес на експанзија, истакна Мизо, по посетата на Мицкоси на „Костал“.

Next Post
Фото: ESA & NASA / Solar Orbiter / EUI-Team

ЕСА го сними магнетното „срце“ на Сонцето: Прв поглед кон јужниот пол на нашата ѕвезда

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk