НАСА ќе одржи пренос во живо на 19 ноември во 21:00 часот по македонско време, на кој ќе бидат прикажани првите обработени снимки од меѓуѕвездената комет 3I/ATLAS – само третото познато тело што влегло во Сончевиот систем од меѓуѕвездениот простор.
Настанот ќе се емитува од NASA Goddard Space Flight Center во Мериленд и ќе биде достапен на NASA+, NASA App, официјалната веб-страница, YouTube и Amazon Prime.
Трет меѓуѕвезден посетител во историјата
Кометата 3I/ATLAS беше откриена на 1 јули од телескопот ATLAS, финансиран од НАСА. Објектот ќе мине на околу 170 милиони милји од Земјата.
Станува збор за исклучително редок настан: досега се идентификувани само два други меѓуѕвездени објекти – `Oumuamua (2017) и 2I/Borisov (2019).
НАСА најави присуство на водечки научници: Amit Kshatriya, NASA Associate Administrator, Nicky Fox Science Mission Directorate, Shawn Domagal-Goldman, директор, Astrophysics Division (во в.д. статус). Tom Statler, главен научник за мали тела во Сончевиот систем
Новинарите што сакаат да се приклучат виртуелно мора да се пријават најдоцна два часа пред почетокот на настанот. Публиката може да поставува прашања преку #AskNASA.
Уникатна можност за научно следење
НАСА истакнува дека мрежата од вселенски мисии и наземни опсерватории на САД овозможува речиси целосно следење на 3I/ATLAS за време на неговото патување низ „нашето космичко соседство“. Комбинацијата од различни инструменти ќе овозможи научниците да го анализираат хемискиот состав, активноста и структурата на меѓуѕвездениот објект.
Извор: НАСА
Редакција Фронтлајн
Прочитајте и…
Прв радио-сигнал од кометата 3I/Atlas – дебатата за нејзината природа е завршена





