Двајца бомбаши самоубијци го нападнаа седиштето на пакистанската паравоена сила, при што загинаа тројца безбедносни службеници и беа ранети најмалку 12 лица, пренесува Би-би-си.
Полицијата за BBC Urdu изјави дека напаѓачите биле вооружени додека напаѓале во седиштето на Федералната полиција во Пешавар, во северозападен Пакистан.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.
Комплексот на полицијата се наоѓа во строго обезбедена област во Пешавар, а напаѓачите би морале да пробијат повеќе нивоа на безбедност за да влезат внатре.
Сведоци изјавија за локалните медиуми дека слушнале две гласни експлозии околу 08:10 часот по локално време (03:10 часот по Гринич) во понеделник.
Областа е оградена и спасувачките екипи моментално се на лице место. Еден службеник изјави дека пет безбедносни службеници и седум цивили се повредени.
Пакистанските власти го опишаа нападот како „оневозможен терористички заговор“, истакнувајќи дека напаѓачите биле застрелани на портата, пред да успеат да влезат во зградата.
Пешавар е дел од покраината Хајбер-Пахтунхва, која се наоѓа долж границата со Авганистан и долго време е жариште на милитантно насилство.
М. Д. / Цивил Медиа







