ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЈП „Лајка“: Кучиња со микрочип кои се оставени да талкаат завршуваат кај нас, тоа е системски проблем што мора да се решава

November 26, 2025 10:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: ЈП „Лајка“

Фото: ЈП „Лајка“

Share on FacebookShare on Twitter

Од ЈП „Лајка“ информираат дека се забележува континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно идентификувани сопственици. Посочуваат дека и покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите кучиња, оставајќи ги во ЈП „Лајка“ и создавајќи дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето.

-Ова се само девет од кучињата заловени во последниот период, кои имаат сопственик што свесно и несоодветно ги напуштил. Секое од овие кучиња е потенцијален производител на нови легла на улица — што води до зголемување на бројот на напуштени миленици, нови генерации кои ќе страдаат и уште поголеми проблеми за заедницата. Напуштањето на кучиња претставува кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, но за ваквите случаи не постојат предвидени прекршочни мерки кои би ги санкционирале сопствениците што свесно ги напуштаат своите миленици. Токму затоа, кучињата со микрочип кои се оставени да талкаат завршуваат кај нас — и тоа е системски проблем што мора да се решава, велат од „Лајка“.

Од ЈП „Лајка“ посочуваат дека и покрај недостатокот на законски механизми, мора да постои минимум етичка обврска кај секој сопственик.

-Ако сте ја презеле одговорноста да чувате куче, оставате трага: микрочип, име, адреса. Но оставате и обврска. Доколку повеќе не можете да се грижите, должни сте да најдете соодветно решение: да контактирате прифатилиште, да побарате помош, да најдете нов дом, но никогаш да не го оставите миленикот на улица. ЈП „Лајка“ ќе продолжи да постапува во рамките на своите надлежности, но оставањето чипирани миленици на улица покажува колку е неопходно подобрување на системските решенија и јакнење на свеста за одговорно сопствеништво. Напуштањето не е опција. Секој микрочип носи одговорност: за кучето, за заедницата, за сите нас, соопштуваат од ЈП „Лајка“.

Tags: ЈП Лајка
Next Post
Скриншот

Хамас разгледува распуштање на военото крило: Планира трансформација во политичка партија и приклучување кон ПЛО

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk