Почина албанскиот пејач Шпат Касапи, објавија албанските медиуми во Македонија, пренесува Коха..
Според извештаите, Касапи доживеал срцев удар.
Касапи починал на 40-годишна возраст.
Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово. Својата кариера ја започнал во раните 2000-ти. Брзо станал една од најголемите музички ѕвезди во забавната индустрија во тоа време.
Тој стана познат по неколку песни што се слушаат и денес, како што се „Косовско оро“, „Ме сакаш ли?“, „Неограничена љубов“ и „Нејзина арома“.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, изјави дека смртта на Касапи е голема загуба за овој град.
„Со длабока тага ја примив веста за смртта на тетовскиот пејач Шпат Касапи. Тетово го загуби својот син и голем уметник, кој низ годините остана на врвот на успехот“, напиша тој.







