ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Творештвото на Раде Силјан претставено во Загреб

November 26, 2025 11:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Иван Антоновски 

Фото: Иван Антоновски 

Share on FacebookShare on Twitter

Во библиотеката „Богдан Огризовиќ“ во Загреб вчера беше претставено творештвото на писателот Раде Силјан по повод  75 години од неговото раѓање и 50 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Третиот лик на времето“. Настанот се одржа под покровителство на хрватското Министерство за наука, образование и млади, а во организација на МКД „Охридски бисер“ во соработка со градските библиотеки и читалници од Загреб, како централно чествување во рамки на манифестација „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“.

За опусот на Силјан зборувале професорите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски.

Како што соопшти Антоновски за настанот,  чествувањето го отвори раководителката на загрепската библиотека „Богдан Огризовиќ“, Јасна Ковачевиќ, која посочи дека Силјан е „најистакнат меѓу канонските македонски поети со активен опус, со творештво што е значаен дел и од јужнословенската книжевност“.

На промоцијата се обратиле и амбасадорот во Хрватска, Драган Ѓурчевски, писателот Иван Херцег во име на  хрватскиот ПЕН-Центар и на Хрватското друштво на писатели и Жељка Ненадиќ од Секторот за образование на јазикот и писмото на националните малцинства при Управата за националните малцинства во Република Хрватска.

– Меѓу македонските поети родени околу 1950 година коишто супериорно го претставуваат македонскиот поетски модернизам, но и воопшто меѓу промислувачите на смислата на постоењето преку стих коишто зачекорија во македонскиот културен простор од седумдесеттите години на минатиот век наваму, Раде Силјан се издвојува како единствен што остана дотолку доследен на определбата секоја негова песна да е промислување на суштината на времето што го живее, чувствува и мисли … Современ поет на македонската темпоралност, кој повеќе од половина век пее за времето сегашно, ама и за односот кон времето минато и времето идно. Канонски автор, стожерник на македонската книжевна стварност во последните неколку децении – еден од оние што имаат остварено најголем влог во вредносната вертикала на македонската поезија воопшто, истакнал меѓу другото Антоновски на настанот во Загреб.

Во рамките на манифестацијата, Силјан имал средба со дел од студентите по македонистика на Универзитетот за Загреб, како и работен состанок со директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, а го посетил и седиштето на Заедницата на Македонците во Хрватска.

По повод 75 години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата поетска книга на Раде Силјан, претходно издавачот „Дијалог“ објави избор од неговата поезија „Лажно време“ и книга со избор од критиките за неговото поетско творештво.

Раде Силјан е поет, критичар, есеист, книжевен истражувач, преведувач и антологичар. Автор е на 23 стихозбирки. Добитник е на голем број награди и признанија. Беше претседател на Друштвото на писателите на Македонија во два мандата. Неговата поезија  во посебни книги е преведена на 15-ина јазици. Застапен е во сите антологии на современата македонска поезија. Основач е на издавачката куќа  „Матица македонска“.

Next Post
Фото: Општина Центар

Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk