ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: 12.000 пензионери се исклучени од покачувањето на пензиите, власта молчи

November 27, 2025 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, по предупредувањето за буџетската дупка од над една милијарда евра во Фондот за ПИОМ и целосната исцрпеност на буџетската ставка за трансфери, укажа дека со мерката на владата за зголемување на пензиите, 12.000 пензионери се исклучени од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во своето обраќање, Тренчевска побара одговор од заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, како дали ќе се почитува одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација и кога ќе бидат доставени до Собранието измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Моето второ прашање се однесува на 12.000 пензионери кои ги исклучивте од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Се прашувам како дозволивте и вие како заменик министер и министерот да доставите во Собрание закон кој е неуставен? Дали намерно за да заштедите средства во буџетот го направивте тоа, не мислејќи на сите оние социјални договори со други држави кои Македонија ги има потпишано и ратификувано и кои мора да се почитуваат? Или пак под притисок го доставивте ова неуставно законско решение, да помине покачувањето од 2.500 денари, да се заштедат средства, оти знаевте дека пари нема доволно во буџетот? Во меѓувреме има Одлука на Комисијата за заштита од дискриминација, која потврдува дека е сторена дискриминација и ви даваат рок за да направите измени на Законот. Но, веќе има и судски тужби кои ќе ја чинат државата многу. Ем пари ќе враќа, ем судски трошоци ќе се плаќа. Ќарот, зијан ќе ви се стори! Моето прашање е, дали ќе ја почитувате Одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација и кога ќе бидат доставени до Собранието измените на Законот за пензиско и инвалидско“, праша Тренчевска осигурување?

Next Post
Фото: Скриншот

Бројот на загинати во пожарот во висококатниците се искачи на 65 лица

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk