ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се обезбедуваат нови средства во Буџетот за поддршка на економијата

Министерата за финансиии Нина Ангеловска вчера соопшти дека изработуваат проекции за економскиот раст, истакнувајќи дека очекува брзо опоравување на економијата откако здравствената криза ќе го достигне пикот и ќе почне да опаѓа.

April 13, 2020 07:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Домашната, како и останатите економии и натаму регистрираат штети од кризата со Ковид 19, а Министерството за финансии веќе изработува нови проекции за економскиот раст, кој според Светската банка и финансиските експерти годинава во државава ќе се намали за околу четири проценти. Владата тврди дека презема мерка за внесување пари во стопанството, но според опозицијата и стопанствениците досегашните мерки се недоволни и потребна е поголема финансиска инјекција.

Министерата за финансиии Нина Ангеловска вчера соопшти дека изработуваат проекции за економскиот раст, истакнувајќи дека очекува брзо опоравување на економијата откако здравствената криза ќе го достигне пикот и ќе почне да опаѓа.

– Пред само еден месец проекцијата за економскиот раст беше 3,8 проценти, исто пред само еден месец Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидуваше раст кај 160 економии, а денес директорката на ММФ веќе изјавува дека се очекува пад кај најголем дел од економиите или кај 180 економии. Целиот свет се соочува со криза од непознат размер. Се предвидува дека во еврозоната рецесијата ќе изнесува над околу четири проценти,  рече министерката за финансии Нина Ангеловска, на вчерашната пре-онференција на која го појасни користењето на мерката за помош од државата со ислата на минимална плата од 14.500 денари.

Според Ангеловска, позитивна вест за економијата е дека оваа криза не е предизвикана од пад или нарушување на системот,  односно се рабпти за здравствена криза што се прелева во економијата и поради тоа се очекува поцесот на опоравување да биде побрз.  – Тоа на некој начин е позитивно, но секако се зависи од нас во однос на рестрикциите што ги преземаме како земја, за да го заштитиме здравјето и ја запираме економската активност, а сега ќе зависи од тоа какви ќе бидат условите, кога здравствената криза ќе го достигне пикот и ќе почне да опаѓа за веќе да започнеме со опоравување, рече Ангеловска.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  пак, прогнозира дека негативните ефекти врз македонската економија предизвикани од пандемијата на Ковид 19 вирусот ќе предизвикаат  драматично зголемување на јавниот долг во однос на Бруто домашниот производ и би можел да достигне  70 проценти од БДП.

Апелира да не се враќаат веднаш парите што ќе и бидат доделени на државава, со мерките за помош да биде вклучен и март како исклучително тежок од аспект на шокот кој го претрпуваат компаниите, како и да се релаксира фискалната политика.

Направеното досега влијае негативно и не е доволно за македонската економија и за реалниот сектор за да може да ги истрпи на нозе сите негативни ефекти од пандемијата, рече Мицкоски во видео обраќање.

Next Post

Синот на поглаварот на ИВЗ е инспекторот во МВР кој се снимал на Фејсбук за време на полициски час

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk