ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН: Го унапредуваме инклузивното образование, заедно да го развиваме инклузивното општество

December 3, 2025 10:17
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука воведува измени во регулативата со кои родителите, заедно со Службата за функционална проценка на деца и млади, добиваат право на избор дали нивното дете со попреченост ќе посетува редовно училиште или образовен ресурсен центар.

Од Министерство за образование и наука посочуваат дека овој чекор е преземен по бројни барања од родители и стручни лица, кои укажале дека целосната инклузија не одговара на сите деца, особено на оние со поголеми потешкотии или мултихендикеп.

„Не е целта децата со попреченост само формално да бидат вклучени во редовното образование, туку да остварат суштински напредок. За некои деца тоа значи повеќе индивидуално внимание и поголема стручна поддршка во ресурсните центри“, наведуваат од МОН.

Министерството информира дека значително е зајакната и поддршката во редовното образование. Во основните училишта во моментов се ангажирани над 1.300 образовни асистенти, а за прв пат од оваа учебна година како системска мерка се воведени 130 образовни асистенти и во средното образование.

„Во секое училиште функционира инклузивен тим кој им овозможува поддршка на учениците, наставниците и асистентите, а дополнителна стручна помош се обезбедува и преку државните училишта со ресурсни центри“, соопштуваат од Министерството.

Паралелно, се работи и на унапредување на капацитетите на воспитно-образовниот кадар преку континуирани обуки за инклузија и современи пристапи во наставата. Целта, како што наведува МОН, е наставниците навремено да ги препознаваат различните потреби кај учениците и да применуваат соодветни методи на работа.

Министерството најавува и зголемени буџетски издвојувања за инклузивно образование. Со новите формули за пресметка на блок-дотациите, инклузијата станува еден од клучните критериуми, при што висината на средствата што ги добиваат општините ќе зависи и од бројот на деца со попреченост.

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, од МОН порачуваат дека квалитетното инклузивно образование е нераскинливо поврзано со развиено инклузивно општество.

„Лицата со попреченост не смеат да се спомнуваат само еден ден во годината. Тие треба да бидат дел од секојдневието – да учат, работат, живеат и се дружат во средини кои ги прифаќаат, разбираат и поддржуваат“, наведуваат од Министерството.

Next Post

„Дон Кихот во Скопје“ пречекан во срцето на Париз со бурни овации

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk