ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Состојба со Ковид-19 до 10 часот

Бројот на заразени со корона вирус низ светот достигна до нешто над 1.8 милиони, со излекувани речиси половина милион.

April 13, 2020 09:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.854.043 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 114.290, а излекувани се 427.879 луѓе.

Вашингтон – Американскиот центар за контрола и спречување на болести соопшти дека во САД досега се регистрирани 525.704 случаи на корона вирус и дека 20.486 починале.

Мексико Сити – Вкупно 422 нови случаи на заразени со корона вирус и уште 23 мртви се потврдени денеска во Мексико , со што вкупниот број на жртви се зголеми на 296.  Вкупниот број на пациенти во оваа земја изнесува 4.661.

Осло – Во Норвешка досега заболеле 6.489 лица од корона вирус, додека 128 починале, соопшти денеска норвешкиот Институт за јавно здравје. Властите ја затворија границата за странци, а засега се уште не работат училиштата, колеџите и градинките.

Киев – Во Украина во последните 24 часа бројот на новозаразени од корона вирус се зголеми за 325 лица, или сега има вкупно 3.102 заразени. Досега починаа 93 лица, соопшти украинското Министерство за здравство.

Париз– Француската армија денеска почна досега невидена операција на истоварување и изолирање на 1.900 морнари од носачот на авиони „Шарл де Гол“, што доплови до Тулон претходно од планираното поради заразата од корона вирус.  Вкотвувањето минало  без никакви проблеми, соопштија француските воени власти.

Франкфурт – Бројот на потврдени нови случаи на корона вирус во Германија е зголемен за 2.537, со што вкупно сега има 123.016 заразени лица, покажуваат најновите податоци на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“. Веќе трет ден по ред бројот на нови пациенти во Германија опаѓа. Во последните 24 часа умреле 126 лица, со што вкупниот број на жртви изнесува 2.799 лица.

Мадрид –  Шпанија од денеска дозволува дел од фабриките повторно да се отворат и продолжат со работа. Производствените и градежните компании се отвараат и ќе им биде дозволено да работат со максимални безбедносни мерки.

Пном Пен –  Како земја без смртни случаи од корона вирус и со само неколки стотици заразени Виетнам доби пофалби од Светската здравствена организација (СЗО) и  послужи како пример за земја која успеа да спречи пандемија.

Виена  – Двајца свештеници починале од корона вирусот во манастирот на редот Саласијанци „ Дон Боско“ во Амстестен. Според католичката агенција Катпрес, двајцата починати биле свештеници од висок ред. Голем број монаси во манастирот се заразени со вирусот, а некои се префлени во болница, додека другите се на домашно лекување, во изолација.

Загреб – Во Хрватска се регистрирани 1.600 луѓе заразени со корона вирус. Од вчера има 66 новозаболени,  а две починаа, со што вкупниот број на жртви во оваа земја сега изнесува 23 лица.

Подгорица  – Во Црна Гора се регистрирани пет нови случаи на корона вирус, со што вкупниот број на пациенти се е 272.

Сараево – Во Федерацијата Босна и Херцеговина во текот на последното деноноќие се потврдени уште пет нови случаи на корона вирус. Четворица од новозаразените се од Завидовиќи и едно од сараевската општина Нови Град. Во БиХ до моментов има  1.014 лица со позитивен наод на корона вирус.

Софија– Во Бугарија досега се заразени 676 лица Ковид-19. Во главниот град има само четири нови случаи, но загрижува што 36 лица се медицински персонал.

Next Post

СДСМ: Пакетот економски мерки позитивно оценет и од ММФ

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk