ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Македонија мора да знае да каже „не“, евроинтеграцијата не смее да се сведе на пасивно прифаќање

December 6, 2025 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: ФБ профил на Христијан Мицкоски

Фото: ФБ профил на Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Периодот 2025–2030 е стратешка раскрсница за државата. Во свет на променети геополитички рамнотежи, нови економски модели и еволуирани демократски стандарди, Македонија може да напредува само ако има политичка сила што води со јасна визија и со чувство за историскиот момент. ВМРО-ДПМНЕ, како најголем носител на државноста, ја презема таа улога со целосна свест за одговорноста која ја носи секој следен чекор. Партијата влегува во новата декада со уверување дека политичката зрелост не се мери со реторика, туку со способност да се трасира правец што ја штити државата денес и ја јакне за утре, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на почетокот од 18. партиски конгрес.

-Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи: држава што го чува својот идентитет; држава што ја брани својата суверена позиција; држава што ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување, посочи Мицкоски.

Историјата не е товар, туку, како што посочи, темел врз кој се гради современата национална самодоверба.

-Наследството на борбите за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски за денешната генерација: да се зачува континуитетот и достоинството на македонската државност и идентитет; да се модернизира државата така што ќе биде отпорна на надворешни притисоци и внатрешни слабости и да се спречи злоупотребата на историјата за дневнополитички цели, вели Мицкоски.

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој, напротив, вели, тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна, а жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви. Во овој контекст потенцира дека евроинтеграцијата на државата не смее да се сведе на пасивно прифаќање или безусловна зависност.

-Македонската државност е создадена низ долг, тежок и историски скап процес. Затоа мора да се разбере како проект што се брани секој ден – преку силни институции, функционална правна држава, но потребно ни е и стабилно општество и јасна, самоуверена надворешна политика. Македонија е држава изградена врз европските вредности, слобода, демократска традиција и владеење на правото и затоа нејзиното место природно е поврзано со евроатлантското семејство. Но европската и евроатлантската интеграција не смеат да се сведат на пасивно прифаќање или безусловна зависност. Малата држава може да биде силна држава ако има самодоверба, чувство за сопствена тежина и јасен став за своите интереси. Македонија мора да знае да каже „да“ кога тоа е во нејзина корист, но и да каже „не“ кога се нарушуваат нејзините принципи, достоинство или идентитет, вели Мицкоски.

Во однос на партнерството со НАТО и ЕУ, тој потенцира дека тоа може да биде силно само ако е рамноправно. ВМРО-ДПМНЕ, пак, нагласи, не е радикална десница, ниту класичен конзервативизам затворен во минатото туку центар-десната модернизација подразбира држава што ги зачувува вредностите, традицијата и идентитетот, но истовремено гради динамична економија, иновативна администрација и институции што ја штитат слободата, приватната иницијатива и достоинството на граѓанинот.

-ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како политичка сила што ги обединува најдобрите традиции на европската конзервативна мисла: развој без идеолошка агресија, патриотизам без исклучивост, економија што создава можности и држава што обезбедува поддршка за најранливите. Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја, подвлече Мицкоски.

За Македонија ова е особено важно, вели тој, бидејќи државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното постоење.

-Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја поставува следната стратегиска линија: националниот идентитет не е предмет на преговори; почитта кон другите идентитети е вредност, но не на сметка на сопствениот; јазикот, историјата и културата се фундаментални државни столбови; компромисите во меѓународната политика може дабидат технички, но не смеат да бидат суштински и државното достоинство не е реторика, туку практична политика, порача Мицкоски.

Next Post
Фото: ФБ профил на Христијан Мицкоски

Новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство, порача Мицкоски

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk