Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени го погоди североисточниот регион на Јапонија, предизвикувајќи предупредувања за цунами и наредби за евакуација на жителите, пренесува Би-Би-Си.
Земјотресот се случил на околу 80 км од брегот на регионот Аомори, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, додека на некои места се забележани бранови од 40 цм.
Локалните медиуми известуваат дека некои луѓе во регионот се повредени, додека возовите се суспендирани како мерка на претпазливост.
Според Ројтерс, издадени се наредби за евакуација на околу 90.000 жители.
Јапонија е една од земјите најсклони на земјотреси во светот, со потрес што се случува најмалку на секои пет минути.
Б. Т.







