ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ФЗОМ бара јасно насочување на пациентите и рационализација на испитувањата

December 9, 2025 15:35
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски денеска изјави дека мора да има јасно насочување на пациентите за тоа која лабораторија во моментот не ги дава бараните услуги за тие да не лутаат посебно кога треба од општата болница да одат во здравствениот дом или обратно, како и да се рационализира употребата на тумор маркери.

До септември годинава, посочи тој, се направени речиси 250.000 анализи за тумор маркери. Според него, тоа што во моментот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија не се работат анализи за тумор маркери не ги загрозува пациентите.

– Институција со најголем број анализи за тумор маркери е Институтот за клиничка биохемија, кој е на само 200 метри од Клиниката. На Институтот се направени речиси 50.000 анализи, потоа следи Градската општа болница „8 Септември“ каде се направени над 12.000 анализи, а над 10.000 анализи се прават и во Куманово, Тетово и во други градови, рече Клековски.

Тој појасни дека во речиси сите градови има најмалку две институции, обично тоа се болницата и здравствениот дом, каде се работат тумор маркери.

– Најмногу тумор маркери се прават за простата (PSA) – над 65.000 до септември, а се направени и 21.000 анализи за тумор маркери за рак на дојка. Дали може подобро? Да, може подобро во две насоки. Првата насока е дека мора да има јасно насочување на пациентите, која лабораторија во моментот не ги дава бараните услуги за да не лутаат пациентите посебно кога треба од општата болница да одат во здравствениот дом или обратно и второ да се рационализира употребата на тумор маркери, рече Клековски.

Нагласи дека ретко овие тумор маркери се користат за дијагностика. Таков, потенцира, е примерот за PSA за простата и тука веројатно треба да имаме многу повеќе направени анализи, бидејќи треба да се анализира, тестира здрава популација, додека најголем дел од другите тумор маркери се добри за следење на состојбата на пациентите и можни рецидиви на болести.

– На пример ако имаме 2.500 пациенти со рак на дојка кои користат хормонална терапија во моментот имаме 21.000 анализи направени за соодветниот тумор маркер што укажува дека најверојатно се прават непотребни анализи, бидејќи овие тумор маркери не помагаат во дијагностика на рак на дојка, туку се добри само за следење на состојбата. Ако имаме 2.500 такви пациенти, на три месеци да се контролираат, би требало да бидат 10.000 анализи годишно. Тоа треба да се рационализира за да се остави простор за пациентите на кои тоа им е неоходно, бидејќи често трошиме капацити за пациенти на кои тоа не им неопходно и се создаваат проблеми за овие другите, истакна Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека цените за различни тумор маркери се различни и дека тие речиси 250.000 анализи чинат над два милиони евра во фактурирани услуги кон Фондот.

– Посветени сме на натамошни подобрувања, додаде Клековски.

Tags: тумор маркериФЗОМ
Next Post
Каналот Ибар-Лепенец, Зубин Поток, Косово по нападот

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk