Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон повторно ги раздвижи социјалните мрежи, откако на Инстаграм објави неколку гламурозни селфи фотографии на кои изгледа неверојатно свежо и мазно – речиси без ниту една видлива брчка на лицето. Реакциите беа брзи, а многумина веднаш се потсетија на нејзината изјава од пред две години за магазинот Allure, кога порача дека – ја прифаќа и ја сака природната трансформација што ја носи стареењето.
На фотографиите нема ни трага од отеченост или „пренапумпана“ кожа што често се поврзува со претерано користење филери, па брзо се постави прашањето: како Терон успева да изгледа толку младолико?
View this post on Instagram
Што велат експертите?
DailyMail побара стручно мислење од пластичниот хирург Кахн од Беверли Хилс, кој смета дека клучот е во систематска, долгорочна нега.
„Таа нема речиси никакви брчки, што е навистина невообичаено за жена во педесетите“, изјави тој. Според него, типичните фини линии околу очите, усните или пигментациите кај Терон практично не постојат, што упатува дека користи современи третмани за подмладување.
Хирургот наведува дека актерката можеби правела HALO хибриден фракциски ласер, терапија која комбинира две бранови должини за обновување на површината на кожата и стимулирање на подлабокото ткиво за создавање нов колаген. „Резултатите се со помалку брчки и помалку оштетувања од сонце, а периодот на закрепнување е побрз во споредба со класичните ласери“, вели тој.
Како дополнување, тој наведува и дека Терон веројатно користи пептидни серуми, кои стануваат сè попопуларни поради нивната способност да ја зајакнат кожата и да го стимулираат колагенот. Најновиот тренд, според него, се егзосомите, кои ги опишува како „врв на регенеративната нега“ поради нивната улога во обновата на ткивото.
View this post on Instagram
А што вели Шарлиз?
И покрај постојаните шпекулации, Терон повеќепати изјави дека не правела естетски операции. Во интервјуто за Allure во 2023 година категорично порача:
„Јас само стареам. Моето лице се менува, и тоа го сакам.“
Таа демантираше гласини за лифтинг, објаснувајќи дека природните промени не значат неуспешна интервенција, туку нормален дел од животот. Особено ја критикуваше разликата во перцепцијата меѓу мажите и жените во однос на стареењето.
View this post on Instagram
„Ме нервира стереотипот дека мажите стареат како добро вино, а жените како исечено цвеќе. Тоа мора да се промени“, рече таа, додавајќи дека жените треба да стареат на начин што им одговара и без општествен притисок.
На крај, актерката откри дека денес со насмевка гледа како нејзиното лице се појавува на големи постери и реклами: „Патувањето да го гледам сопственото лице во јавност сега ми е прилично забавно.“







