Кејт Винслет предизвика бурни реакции во шоуто на Греам Нортон, каде што сподели анегдота што, како што нагласи, никогаш претходно не ја раскажала во јавност – и во која главна улога има раперот Еминем.
Славната актерка седеше на познатата црвена софа во петокот со поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, британскиот комичар Алан Кар и американскиот колега Сет Мејерс. Разговорот ги одведе до иконското шоу „Saturday Night Live“ (SNL), каде што Мејерс помина години, а тој се сети дека Винслет некогаш била водителка на шоуто. Ова ја поттикна да сподели бизарна случка кога музички гостин и бил Еминем.
„Ќе ви раскажам случка што досега ја немам никогаш јавно споделено – Еминем ме замоли да му го избричам задникот“, откри Винслет, предизвикувајќи смеа од публиката.
На прашањето на Нортон дали станувало збор за обично жилетче, Винслет одговори во шеговит стил:
„Да, рече: ‘Би ли ми ја избричала задницата?’ И јас му велам: ‘Жал ми е, но не работам лична хигиена’. Не можам да одам со жилет по твојата задница, дошо.“







