Пишува: Љубомир КОСТОВСКИ
Беше очекувано дека власта мора итно да реагира на паниката што ја спроведува, особено откако со понеделничкото блокирање на трезорот ги сопира сите исплати од него. Викендот тие исплати и не се вршат, па излезе дека ние уште од петокот, после крајот на работното време сме во ситуација на иреверзибилна економија – државата не плаќа никому а прима од секого и дури (!) ги прибира сите слободни средства што се на сметките на корисниците на буџетски корисници.Ова не е за паника? Па тоа не трае еден ден – би траело до крајот на првата јануарска недела по логика на нештата, која е и онака неработна.
Прашан за оваа ситуација, само пред некој ден Мицкоски притиснат од вистината (се должи на овие, на оние категории, пред се социјално ризични) им рече на новинарите дека „исклучоци секако ќе има“! Ќе имаме значи и една новогодишна лотарија, во најдобар случај кога некој нешто може да добие а најголем дел, огромен дел нема да смее да помисли на плати, регреси, субвенции за земјоделците, разни додатоци…
Господинот премиер јасно има едно објаснување (не им помага ни вештачката интелигенција) – виновна била онаа влада пред нив., владеела седум години. Ова го рече по еден банален повод (реконструрана полициска станица во Бутел – на фотографијата).
Па да ве потсетиме со колку се кризи тие влади се носеа во најтешки услови и како мала, практично изолирана земја. Во она време кога вие, додека беше забрането движење, одевте во полициски час по кафеани, па мораа келнерите да рушат ѕидови за да побегнете од новинарите или одевте во спортски сали и тоа по неколку пати (сте ја заборавиле опремата). Тогаш две години сите земаа плата, најмалку имаше ситуација на криза во трезорот, далеку било а вие не можете да сторите ништо друго освен да ја колабирате економијата. Треба ли да ве потсетивме дека и пред парламентарните избор раководевте со министерстото за финасии, како дел од новите изборни правила, односно имавте право на ставање вето на исплатите, што вашата актуелна министерка инаку тогаш постојано го злоупотребуваше.
И сега да прогласите стечај, пардон да ја завртите славината., после речиси две години.







